• Latest

Во услови кога епидемијата спласнува и се стабилизира да не направиме ништо таа да се влоши, вели Филипче

December 22, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Во услови кога епидемијата спласнува и се стабилизира да не направиме ништо таа да се влоши, вели Филипче

December 22, 2020 14:56
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во следните две до три недели сите да бидеме крајно внимателни, апелираше денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека има некакви позитивни приближувања, ќе се види дали е тоа почеток на крајот на епидемијата и затоа не смееме да ризикуваме уште еден силен бран.

„Имаме многу тешка година зад нас и искрено верувам дека следната ќе биде многу подобра. Во вакви услови кога епидемијата сериозно спласнува и се стабилизира да не направиме ништо таа да се влоши. Апелирам да се празнува одговорно во кругот на семејството без групирање со почитување на јасно пропишаните протоколи и мерки. Се покажа дека досегашните протоколи и мерки беа добро осмислени и домензионирани и го дадоа резултатот како што се очекуваше. Тие се димензионирани така да не се спречи слободното движење и работа, имајќи предвид колку е сето тоа тешко за сите нас“, рече Филипче.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, истакна министерот, и оваа недела продолжува падот на бројките за Ковид-19.

„Имаме намалување за 16,9 отсто на новозаболени во последните седум дена. Процентот на позитивни од тестирани бележи пад од пет проценти колку што бележи падот и на процентот на починати лица. Се намалува бројот на хоспитализирани во болниците и клиниките во Скопје и ширум државата. Во првата недела од декември имало 890 хоспитализирани, а денеска 629. Има слободен број кревети во Битола, Охрид, Прилеп, Куманово…“, рече Филипче.

Нагласи дека има се повеќе термини за тестирања што значи се намалува притисокот.

„Во втората и третата недела од декември намален е бројот на тестирања во државните и во приватните лаборатории. Ако во изминатиот период просекот на исполнување на термините беше истиот ден кога тие ќе се објавеа преку системот „МојТермин“ сега и во текот на истиот ден има слободни термини. Во анализата за втората и третата недела од декември се забележува дека државните лаборатории спроведуваат за приближно 100 проценти повеќе тестови од приватните, а се забележува и зголемување на бројот на тестови секоја недела во државните лаборатории“, додаде Филипче.

Филипче соопшти дека на некој начин епидемијата со коронавирусот стивнува и се намалува бројот на пациенти кои се јавуваат за тестирање.

„Се намалува бројот на пациенти кои се јавуваат за тестирање, што значи дека се намалува и бројот на пациенти. Доказ за тоа е се поголемиот број слободни термини и слободните болнички кревети и намалување на бројот на кревети во болничките установи, нешто што се констатираше во сите болнички установи, поточно во нивните амбуланти посебно во последната недела“, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Филипче нагласи дека цело време ги следат сите индикатори, како тестирање, хоспитализации, прегледи во болниците. Сето тоа, како што рече, укажува на тоа дека на некој начин епидемијата стивнува.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ