• Latest

Преглед на настани: Денот на Ромите да биде сигнал за борба за човекови права, Борисов се повлече од пратеничкото место, притвор за осомничените во случајот „Двојник“…

April 8, 2021
Џабир Дерала (Фотгорафија: НДИ Косово)

Дерала на ДИСИКОН 9, Приштина: Вештачката интелигенција ги редефинира изборите и отвора нови ризици за демократијата

December 9, 2025
Фото: МВР

МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!

December 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

Украина подготвува нов мировен план – Зеленски повторно ја исклучува можноста за територијални отстапки

December 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Денот на Ромите да биде сигнал за борба за човекови права, Борисов се повлече од пратеничкото место, притвор за осомничените во случајот „Двојник“…

April 8, 2021 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Во земјата се одбележа меѓународниот Ден на Ромите

Во чест на одбележувањето на денешниот празник 8 Април-Меѓународниот ден  на Ромите пред зградата на Владата на Република Северна Македонија е подигнато знамето на ромскиот народ.

По повод одбележувањето на јубилејот, 50 години од одржувањето на Светскиот конгрес на Ромите, 31 година од прогласувањето на 8 Април за Меѓународен ден на Ромите од страна на Обединетите нации и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на нашата земја, согласно Одлуката на Владата донесена на 59-тата седница, генералниот секретар Мухамед Зеќири ја започна постапката за отстапување за трајно користење на 450 примероци од Речникот на ромски јазик и 800 примероци од Граматиката на ромски јазик на 14 општини во Република Северна Македонија.

Претседателот на државата Стево Пендаровски упати  честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.

– Ви ја честитам 50 годишнината од Првиот ромски конгрес во 1971 година во Лондон,  кога активисти од Европа ги потврдиле ромското знаме, химна, јазик, култура и ромскиот идентитет на повеќе од 12 милиони Роми во Европа. Педесет години по Првиот ромски конгрес имаме генерациска должност да изградиме општество каде што ќе ги вреднуваме разликите, ќе го почитуваме достоинството и ќе обезбедиме рамноправно учество на сите граѓани подеднакво во донесувањето на одлуки за важни суштински прашања за нашата држава, стои во честитката од шефот на државата.

Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, ЦИВИЛ одржа дебата насловена  „На „балот“ на човековите права на Ромите“, на 6 април, на која присуствуваа Заменик-народен правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа, Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите во Владата на РСМ, Мабера Камбери, претставничка на МТСП, Тефик Махмут, граѓански активист и Рамуш Муарем – Цирко, новинар, и Џабир Дерала, ЦИВИЛ, а ја модерираше Дехран Муратов, ЦИВИЛ.

Оваа дебата и низа други активности на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на Ромите, според организацијата, не треба да биде пригодно одбележување, туку сигнал за борба за човековите права. 

Учесниците на дебатата отворено, остро и јасно ги искажаа своите согледувања и  ставови во однос на човековите права на ромската заедница во земјава, посочувајќи на аномалиите во општеството и политичкиот систем, а споделија и пораки за понатамошното делување на општествен и политички план.

Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик-народен правобранител, се осврна на заштита на правата на Ромите, и посочи дека Човековите права на Ромите не се одбележуваат само на 8 април, туку 365 дена во годината

Новинарот и граѓански активист Рамуш Муарем Цирко ја посочи потребата од  славење на Ромскиот идентитет, и се осврна на начинот на делување на  политичките претставници на ромската заедница.

Граѓанскиот активист Тефик Махмут, во своето кратко излагање истакна дека нема закон што ја регулира правичната и соодветната застапеност на Ромите, и посочи дека етничките димензии на ромскиот идентитет не ја детерминираат компетентноста на Ромите.

Мабера Камбери, претставничка на МТСП говореше за инклузијата на децата Роми во образовниот систем.

Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите во Владата на РСМ, се осврна на најранливите категории во Ромската заедница.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ се осврна на структурното насилство што се прави врз ромската заедница, и даде опширен преглед на тоа што значи да си Ром во една мултиетничка земја како што е нашата, и се осврна на можните решенија во однос на тешката состојба со човековите права на ромската заедница.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Борисов: Се повлеков од пратеничкото место во Парламентот

-Денес, се пријавив во ЦИК и се повлеков од пратеничкото место во двете изборна единици од кои бев избран, и покрај тоа што победив на лидерските натпревари. Како премиер, немав имунитет и сега не ми треба. ГЕРБ победи на изборите во 24 од вкупно 31 регион , а нашите противници во 3, 2 и 1. Изборите се одржуваат со цел да се формира влада и да се има стабилна влада, за да може да се спроведе она што го велат политичарите. Да се ​​почитуваме – зад секој политичар стојат гласовите на многу луѓе. Мојот повик е да не ги навредуваме гласачите – сите сме бугарски граѓани, соопшти бугарскиот премиер во заминување Бојко Борисов на својот Фејсбук профил.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Кривичниот суд им изрече притвор во траење од 30 дена на шест лица осомничени во случајот „Двојник”.

НЕЗАВИСНА ИСТРАГА Обидите на Христијан Мицкоски да саботира важна полициска акција за да спаси криминалци пропаднаа. Акцијата на полицијата против фалсификатори на пасоши заврши успешно, по спроведена истрага која траела подолг временски период – изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ денеска.

ИМУНИЗАЦИЈА Започна вакцинацијата на наставниот кадар во основното образование од прво до трето одделение, како дел од масовното вакцинирање во А1 Арена – салата „Борис Трајковски“, соопшти од Министерството за образование и наука.

КОВИД МЕРКИ  Додека здравствената криза е во тек не може да се дозволи да работат рестораните за свадби. Лани веќе ги поддржавме, но  имаме еден проблем со нив, а тоа е дека не можат да се одвојат од останатите, бидејќи мал број од нив се категоризирани според категоризацијата на Министерството за економија, посочи денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи

ЗДРАВСТВО Клиничката болница „Жан Митрев“ соопшти дека согласно состанокот одржан со министерот за здравство Венко Филипче, а со цел да им излезат во пресрет на што поголем број граѓани во оваа тешка ситуација, од денеска овозможува пакети за лекување од Ковид-19

ВАКЦИНИ По разгледување на ставот на Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) во врска со безбедноста на вакцината на „Астра Зенека“, донесовме став во нашата земја таа вакцина да не се дава на лица помлади од 60 години, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче

СЛОБОДНА ЗОНА: Дерала за „антициганизмот“ и човековите права на Ромите, Тахири за предрасудите кон ромската заедница

 „Идејата за расна супериорност е вселена во секое соседство, во секоја куќа, без оглед на етничката припадност и без оглед на тоа дали се работи за мнозинска или малцинска заедница, без оглед на тоа дали и самата заедница, што ги дискриминира Ромите, се соочува со дискриминација, стигматизација, предрасуди и стереотипи. На практични, секојдневни нивоа, тоа е преточено во едно општоприфатено потценување, презир и отфрлање на Ромите во секоја животна прилика. Освен политичарите, заслужни за ова се и интелектуалците кои се или архитекти на културата на мразење или молчешкум ја прифаќаат и ја пренесуваат без приговор омразата и идеологијата на супериорност од генерација во генерација. И тука, мора да се истакне со големи букви, не се само Ромите во прашање, туку и други етнички, верски и расни категории кои ја хранат културата на исклучивост и национал-шовинизам. Но мора и да се нагласи уште еднаш, директно и едноставно – Ромите се мета на сите останати.“, пишува Џабир Дерала во колумната Меѓу антициганизмот и борбата за човекови права

„Денеска ќе прочитаме многу честитки, од кои најголем број најверојатно ќе бидат од типот “и јас имам пријател Ром”, како и обично. Не мора да имаш „и“ пријател Ром, или друг вид, различен од твојот…  Доволно е да си свесен дека привилегиите се штетни, доколку сметаш дека ти припаѓаат само тебе“, пишува Дијана Тахири во колумната  „Честитка“ за Меѓународниот ден на Ромите

Дијана Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ