• Latest

Бајрамовска-Мустафа: Човековите права на Ромите не се одбележуваат само на 8 април, туку 365 дена во годината

April 7, 2021

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Бајрамовска-Мустафа: Човековите права на Ромите не се одбележуваат само на 8 април, туку 365 дена во годината

April 7, 2021 12:20
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Институцијата народен правобранител постои повеќе од 20 години. Постои со мандат да ги штити уставните и законски права на сите граѓани, вклучително и Ромите, коишто согласно правната регулатива треба да бидат еднакви пред законите и во начините на остварување на правата.

Овде во оваа институција, во овој орган, водиме статистика за нашите потреби заради можноста на почитување на правата на само изјаснување на граѓаните. Врз основа на добиените податоци при пополнување на приставките за доставување барање за определена заштита пред народниот правобранител, општа констатација е дека од година во година бројот на поплаки поднесени од припадници од ромската заедница се зголемува. Иако, лично сметам дека не ја одразува вистинската бројка на повредени права на граѓани од секојдневието во кое се соочуваат.

Бајрамовска-Мустафа смета дека институцијата Народен правобранител мора многу повеќе да работи на сопствената промоција дури и кај ранливите категории кои се соочуваат со повреда на сопствените права.

Таа вели дека се чувствува нелагодно кога за човековите права на Ромите се зборува само во пресрет на 8 април, светскиот ден на Ромите, додавајќи дека ова треба да се промени бидејќи човековите права на Ромите не се одбележуваат само на 8 април, туку 365 дена во годината.

„Ние немаме посебен Омбудсман за Ромите, меѓутоа имаме посебна област која ги таргетира проблемите на Ромите во областа од заштита од недискриминација и следење на принципот на соодветна и правична застапеност. Постои големо незадоволство од страна на Ромите од грижата која државата им ја обезбедува како корисници на право, социјална заштита и сигурност, права на Ромите од здравствен и полициски аспект, добивање државјанство и изводи од книга на родени итн„, вели Бајрамовска-Мустафа.

Институцијата народен правобранител вложува максимални напори да биде поблиску до Ромите. Во изминатите години, биле организирани конференции за согледување на тоа колку е подобрена состојбата на Ромите во нашата држава, особено во периодот по доста очекуваната и доста критикуваната декада на Ромите 2005-2015, чиј што почеток, особено кај Ромите, беше очекувано дека ситуацијата драстично ќе се промени во однос на многу права, особено во четирите примарни области како што се вработувањето, образованието, здравствената заштита, домувањето и сите други кои попатно се вкрстуваат со овие права. Но состојбата покажала дека не е задоволителна и треба да се направат промени, иако во некои сегменти имало видливи подобрувања, но во целост, мора да се донесат нови промени.

„Искрено, мене воопшто не ми пречи мислењето за помала вредност на Ромот од некој кој што не е Ром. Можам многу лесно да се изборам со такво мислење. Ова е моја лична перцепција, иако не е лесно и едноставно, но упорноста ќе ме држи да му докажам дека оној другиот кој има мислење дека Ромот е помалку вреден од некој друг само затоа што е Ром, е грешка. Ние секојдневно сиве овие 30 години независност па дури и претходно, бевме соочени со таа постојана борба на самодокажување за образованието, при вработувањето, самодокажување за вредноста за тоа колку еден Ром може да придонесе и да го промени мнението на општеството кон ромската заедница.

Многу повеќе ме боли мислењето на оној кој што е твој во оваа држава наречена Македонија за она кој колку вреди. Многу повеќе ме повредува борбата и имитацијата кога зборуваме за политичките моќи за копирање на големите политички партии.“

Во своето завршно излагање, Бајрамовска-Мустафа, сподели дека 12 години по ред прават извештај за следењето на примената на начелото за соодветна и правична застапеност, но никој во Собранието, каде се носат политиките, не го читал. Нејзината порака за 8 април е да се даде можност на квалитетните и стручните кадри да бидат вработени за да го променат и мислењето дека Ромите не вредат, но и самите да придонесат кон промена на заедницата и општеството. Правата ги има на хартија, но проблем е имплементација.

И.Крџиќ

монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ