• Latest

Преглед на настани: Изгласан Законот за попис на населението, угостителите од денеска ќе работат до 21 часот, со петтиот пакет мерки ќе бидат опфатени и лицата со попреченост

January 21, 2021

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Изгласан Законот за попис на населението, угостителите од денеска ќе работат до 21 часот, со петтиот пакет мерки ќе бидат опфатени и лицата со попреченост

January 21, 2021 16:56
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Собранието го изгласа Законот за попис на населението со потребното мнозинство

Со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, Собранието денеска го усвои Законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи во април годинава. Денеска само се гласаше за законот, а расправата заврши на 15 јануари, кога немаше кворум за гласање. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата за гласањето. Од најголемата опозициска партија претходно најавија дека ќе собираат потписи од граѓаните за поништување на овој закон.

„Изгласан законот за попис на населението со потребното мнозинство! После речиси 20 години, ќе се изброиме. Никогаш не смееме да дозволиме статистичка операција да ја политизираме. За жал единствено ВМРО-ДПМНЕ застана на спротивната страна, нека судат граѓаните за нивните постапки“, објави Костадин Костадинов од СДСМ на Фејсбук.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Маричиќ: Резултатот од пописот ќе биде основна алатка за креирање на идните развојни политики

Министерот за правда, Бојан Маричиќ денеска на својот фејсбук профил го поздрави донесувањето на Законот за попис во Собранието.

Резултатот од пописот, според министерот, ќе биде основна алатка за креирање развојни политики, а од него директна корист ќе има и бизнис заедницата.

„Сакам да ја поздравам одлуката на Собранието, кое предмалку го изгласа Законот за попис. Им порачувам на граѓаните да бидат спокојни и да им веруваат на институциите. Државниот завод за статистика и институциите се повеќе од подготвени за спроведување на пописот, а пробниот по оваа нова методологија веќе беше поздравен од Европската комисија. После речиси две децении државата конечно ќе спроведе ваква сложена статистичка операција, а резултатот од истиот ќе биде основна алатка за креирање на идните развојни политики. Директна корист од пописот ќе има и бизнис заедницата“, истакна Маричиќ на Фејсбук.

ФЛЕШ ВЕСТИ: 

Рестораните и угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот, со што престанува да важи одлуката што беше во сила во изминатиот месец за работа до 18 часот, по препорака на Комисијата за заразни болести за да се спречи групирање во празничкиот период и ширење на вирусот Ковид-19.

Откако српската премиерка, Ана Брнабиќ во интервју за српската телевизија „Хепи“ рече дека вакцините на „Фајзер“ не биле регистрирани во Македонија и дека тоа е проблем за испораката, министерот за здравство, Венко Филипче вели дека не постои законска пречка за прием на вакцините против Ковид-19 во нашата земја и дека првите дози на вакцината „Фајзер“ која е договорена во директни преговори со производителот, како и 8.000 дози вакцини кои од Република Србија треба да пристигнат во нашата земја со интервентен увоз.

Матуранти денеска не се вклучија во онлајн-наставата и во почетокот на второто полугодие од учебната година. Организирани од Средношколскиот сојуз, почнаа бојкот зашто бараат да полагаат два наместо четири (три екстерни и еден интернет предмет) од државната матура – спротивно на ставот на МОН дека оваа година нема да има измени во бројот на испити, но дека ќе се полага по скратени програми.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска информира дека дел од анализите во владините структури е и директната финансиска поддршка на лицата со попреченост во рамки на петтиот пакет мерки за справување со Ковид кризата.  Според неа, во тек е анализа кои категории не биле воопшто опфатени со мерките.

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група денес се сретнаа со наставници од сите општини во државата со што го продолжија широкиот консултативен процес во врска со предложените реформи во основното образование.

Обидот на одбраната за поврзување на возилото „опел омега“ и целата операција со структури на МВР, е целосно неточна теза и од правно-фактички и од правно логички-аспект, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови за случајот „Монструм“.

СЛОБОДНА ЗОНА 

Поенти на Џевдет Хајредини: Кога Заменикот на Премиерот за борба против корупција очекува да биде казнет за корупција некој висок функционер од власта

Кога Заменикот на Премиерот за корупција очекува да биде казнет за корупција некој висок функционер од власта.

„Двете партии кои пред една деценија фингираа oдложување на попис, денеска се сомневаат дека некој може да фингира бројки и проценти во пописот кој треба да се одржи во април. Замислете, дури и владиниот коалициски партнер ДУИ се сомнева на институциите кои сами ги водат, или се партнери во нивното раководство. На прв поглед може да ни изгледа на 10-годишните сценарија кога ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ глумеа дека имаат несогласувања и тензии за да добијат гласови и да отфрлат одговорност. Но, овој пат не глумат, многу се искрени. Најискрено се наоѓаат во паника, и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи не се сфесни колку наши сограѓани се иселија од нивниот 10-годишен режим. Стравот од реалноста која би излегла на виделина беше вистинската причина и за одложување на последниот обид за попис. Немаше конфликт, туку многу добро слушавме во бомбите како се договараат во Собранието да одложи пописот“, пишува Арбен Зеќири во колумната „Ако пописот нè разочара, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да одговараат за иселувањето“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ