ВЕСТ НА ДЕНОТ: Од утре армијата се распоредува во здравствените објекти каде е потребно, се очекува одлуката
Армијата се очекува од утре да се вклучи во обезбедување на здравствените институции кои тоа ќе го побараат. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во Скопје, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес…
-Вчера го донесовме нашето барање како Влада и тоа е испратено до претседателот. Утрово имаше средба и договор на Оперативнот штаб на МВР и АРМ и очекувам во текот на денешниот ден претседателот, како врховен командант, да даде зелено светло и дека практично уште од утре целосно да фнкционра, најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со британската амасадорка Рејчел Галовеј.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Трпевска: Промените во нашето општество треба да одат во насока на обединување на луѓето како еднакви
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ:
Владанка Димковска: Сите заедно да градиме едно општество за сите
ФЛЕШ ВЕСТИ:
Денеска, 25 ноември, се одбележува Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените и девојчињата и родово базирано насилство, ден кој има за цел да ја подигне свеста за фактот дека жените ширум светот се жртви на силување, семејно насилство и други форми на насилство.
Министерката за образование и наука Мила Царовска во видеообраќање по повод одбележувањето 16 дена активизам рече дека за родово базираното насилство треба гласно да зборуваме постојано, а не само во деновите кога трае кампањата
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести во ноември инспекторите имаат изречено осум прекршочни пријави, 16 платни налози, 30 решенија и донесени се 39858 решенија за изолација на заболени лица од коронавирусот и лица кои биле во контакт со заболено лице, информира на денешната прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.
Неколку дена се изминати од почетокот на кризната состојба во државава. Сè што се работи се прави врз основа на проценка, односно на тоа што ќе го препорача Кризниот штаб, што ќе го разгледа Управувачкиот комитет и ќе го одобри Владата, истакна денеска портпаролот на Владата, Душко Арсовски.
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска го презентираше граѓанскиот буџет за идната 2021 година, проектиран на 23,1 милијарда денари. Царовска рече дека во новиот буџет многу јасно се одразени развојните политики и заложби за создавање образование кое му овозможува на секое дете да го достигне својот полн потенцијал.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Го одгледавме некни интервјуто на американската амбасадорка Брнс на ТВ Телма во кое таа, со извесна доза на нелагодност (не само во ставовите, туку и во „говорот“ на испреплетените прсти згрчени на масата за време на речиси целиот разговор) и со разно-разни дипломатски флоскули се обидуваше да ја „објасни“, ако веќе не и да ја „оправда“, четиригодишната политика на својот шеф, претседателот Трамп, кон светот“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Бајден: Империјата ќе го возврати ударот!“
„Македонските граѓани треба да се ослободат од тоталитарните времиња ако сакаат да бидат дел од Европа – изјави Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Република Бугарија. Нема да спорам со министерските висини само ќе посочам еден пример што расправата ја прави беспредметна“, пишува Војо Маневски во „Спомениците од НОБ имаат уметничка и национална вредност“.
А. П.