Во оваа видео порака, актерката Владанка Димковска повикува сите заедно да ги почитуваме различностите и да градиме едно општество за сите.
Ако сметаме дека треба да станеме член од големото европско семејство, тогаш и тоа како треба да се насочиме кон ширење на љубов наместо омраза, на било која основа, значи не само на етничка. Треба да се почитуваме повеќе и да почнеме да ги разбираме вистинските европски вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите сите заедно и да градиме едно општество за сите.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги споделуваат содржините на Иницијативата „Обединети во различноста“ со позитивни пораки, но и самите да креираат текстови, фотографии и видеа со пораки и искуства на оваа тема.
#ОбединетиВоРазличноста
#TëBashkuarNëDallime
#unitedindiversity
Погледнете го и претходното видео ТУКА.
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.