• Latest

Преглед на настани: Од понеделник без ПЦР тест во Србија, Косово, БиХ и Црна Гора, МОН ги решава проблемите со онлајн платформата…

October 6, 2020
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Од понеделник без ПЦР тест во Србија, Косово, БиХ и Црна Гора, МОН ги решава проблемите со онлајн платформата…

October 6, 2020 16:16
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Од 12 октомври без ПЦР тест ќе може да се патува во Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот, денеска, на седница на Владата донесовме одлука да овозможиме непречен влез на странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Република Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, соопшти Премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

„Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.

Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19,“ вели Заев во објавата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

До Уставен Суд  испратена е иницијатива за оценување на последните парламентарни избори. Подносителот, поранешниот амбасадор на Северна Македонија во Хрватска, Махи Несими, кој долго време работи и на изборната проблематика, ја оспорува рамноправноста во гласањето по изборните единици.

Во интервју за ЦИВИЛ Медиа, Несими ги објаснува елементите што ги содржи неговата иницијатива, каде главен аргумент е надминувањето на законската граница на бројот на гласачи по изборни единици. Во жалбата е наведено дека во изборната единица 2 има над 5% повеќе гласачи од просечниот број на национално ниво, а во третата и четвртата  изборна единица има над 5% помалку избирачи од просекот.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Зелен ЦИВИЛ разговараше со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за зелените перспективи на општината, промоцијата, негувањето и разбирањето на зелените вредности и нивната врска со социјалната правда и антинационализмот.

Зелен ЦИВИЛ ги праша граѓанките и граѓаните во Велес и Кавадарци колку зелените вредности се негуваат во нивните општини, колку граѓаните се свесни за потребата од заштита на животната средина, што треба да се промени…

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Петар Богојески од Македонски концепт за неговите  гледања на внатрешните и надворешните фактори и политики кои  и помагаат и одмагаат во ЕУ интеграцијата, политичката констелација по изборите и евентуалните решенија  за решавање на неколку прашања во опозицискиот ред, и односите со Бугарија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Презентацијата на редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан денеска по прв пат ќе добие официјален превод во локалните јазици од регионот, вклучително и македонскиот. Ова е прв пат Европската Комисија да обезбеди превод во други јазици освен официјалните јазици на Европската Унија на редовна прес конференција.

Бугарски интелектуалци контра меморандумот на Софија, Заев не очекува блокада од Бугарија

Владата донесе нов ребаланс на Буџетот кој го достави на усвојување во Собранието за да се спроведе четвртиот сет антикризни мерки за поддршка на економијата и граѓаните. Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува брзо усвојување од страна на Парламентот за побрзо усвојување, за што побрзо започнување со четвртиот сет мерки за помош на граѓаните, компаниите и целата економија.

Министерството за образование и наука известува дека од почетокот на учебната година, 1 октомври, бројот на учениците кои следат онлајн настава е зголемен за околу 10 отсто и дека за неполна недела околу 80 отсто од учениците во средните и основните училишта успешно се приклучиле кон онлајн наставата и дека процентот од стартот на годината постојано се зголемува.

Итно донесување закон за спречување и заштита од дискриминација, со транспарентна постапка за избор на членови на Комисијата, со цел граѓаните да добијат квалитетна законска рамка и реформиран систем за ефикасна и ефективна заштита и превенција од дискриминација, побараа учесниците на денешната конференција „Сите, сега: одговорноста на институциите за обединување против дискриминација“ организирана од Мрежата за заштита од дискриминација.

ЈСП информира дека од денеска, 6 октомври на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред.

Еден човек повеќекратно уплатувал големи суми за ВМРО-ДПМНЕ.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски во колумната „Кога судската ќе ја сретне политичката ревизија…“ пишува: „Добро, еве, во име на надежта, да претпоставиме дека во догледна иднина, со интервенција на Европскиот суд – не дека се невини (!), туку дека се аболирани од гонење за кривичните дела (!?) – сите пресуди од процесите на СЈО ќе се укинат и судењата ќе сопрат, а обвинетите, осудените, притворените и затворените ќе побараат и ќе добијат милионски отштети. Груевски триумфално ќе се врати во Македонија, најверојатно и на чело на партијата. Честитки, прослави, зурли и тапани, со многу развеани знамиња со сонцето од Вергина… Итн“.

Професорката Мирјана Најчевска во колумната „Власта треба да се плаши од контролните механизми, а не да ги заплашува“, пишува: „Веќе подолг период во државата има нефункционално ЈО, корумпирано судство, потполно обесмислен Уставен суд, дезавуиран Врховен суд, уништен Народен правобранител, непостоечка Комисија за заштита од дискриминација, игнорирање на забелешките и препораките дадени од Државниот завод за ревизија (како институции кои треба да ја контролираат власта, меѓутоа и кои треба да воспостават своевиден меѓусебен мониторинг).

Во такви околности заканата упатена од страна на претседателот на Собранието кон членовите на Државната комисија за спречување на корупција може да значи само обид за  замолчување на единствената институција која во моментов се обидува да функционира како контрола на власта“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    161 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ