• Latest

Преглед на настани: Отворена, остра и директна дебата на ЦИВИЛ за правата на Ромите, 8 април да биде ден на ромскиот идентитет, уапсени десетина полициски службеници…

April 6, 2021

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Отворена, остра и директна дебата на ЦИВИЛ за правата на Ромите, 8 април да биде ден на ромскиот идентитет, уапсени десетина полициски службеници…

April 6, 2021 16:43
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Извонредна панел дискусија „На ‘Балот’ на ромските права“

ЦИВИЛ одржа панел дискусија со наслов „На ‘Балот’ на ромските права“. Поради новите рестриктивни мерки на Владата за спречување и заштита од Ковид-19, дискусијата  се одржи на платформата Зум.  На панелот учествуваа Заменик-народен правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа, Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите во Владата на РСМ, Мабера Камбери, претставничка на МТСП, Тефик Махмут, граѓански активист и Рамуш Муарем – Цирко, новинар, и Џабир Дерала, ЦИВИЛ. Панелот го модерираше Дехран Муратов, ЦИВИЛ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Рамуш Муарем Цирко: 8 април треба да биде ден на Ромскиот идентитет

„Токму Џабир ги кажа сите поенти кои сакав да ги напоменам во тој контекст. Општествата Во светот, па и кај нас, во однос на инфериорноста и супериорноста функционираат на речиси еднаков начин. Ромите кога се раѓаат, се раѓаат со инфериорност. Хендикепот е дека ние со нашето раѓање е во старт, затоа што ние мора да ги научиме уште од старт, два јазика. Нашиот, мајчин, и нормално, јазикот на територијата во којашто се раѓаме. Досегашните политички претставници на Ромите во нашата земја, се претопуваат во големите не-ромски партии, за да се востоличат и заради нивните лични интереси. И така станува јасно колку тие можат да ги бранат интересите на сопствената етничка заедница. Во смисла – колку можеш да ги штитат интересите на сопствената заедница, кога се кадри на, да речеме, ВМРО, СДСМ, ДУИ…да, ти си претставник на ромската заедница, но, во секој случај, колку ќе ја имаш предноста да ги штитиш најотворено интересите на ромската заедница. А знаеме зошто се местат, прифаќаат такви позиции, во првиот, вториот и третиот ешалон немаме претставници од ромската заедница. Нормално дека ќе немаме претставници од ромската заедница, затоа што, едноставно, се устоличиле таму и не се борат за административна застапеност во првиот, вториот или третиот ешалон, туку си ги завршиле своите потреби, и тука веќе завршува приказната.

Правата на Ромите треба да се почитуваат секој ден, како и на секое малцинство. Многу малку примери има каде се слави ден на некое малцинство. На 8 април донесен е одлука за користење на зборот Ром или Ромка, за користење на ромското знаме, јазик и химна. Со тоа се дефинира ромскиот идентитет. Според мене, подобро е 8 април да биде ден на Ромскиот идентитет“, изјави  Рамуш Муарем – Цирко, новинар и активист, на дебатата на ЦИВИЛ „На „балот“ за човековите права на Ромите“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИМУНИЗАЦИЈА Близу 13 илјади граѓани се вакцинирани заклучно со вчерашниот ден и освен два случаи на колапс, кои што не се поврзуваат со вакцината, туку веројатно станува збор за страв и панични напади, тука во салата „Борис Трајковски“, други несакани ефекти нема, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

МВР АКЦИЈА Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи, а акцијата уште е во тек, од МВР и најавија детали по нејзиното завршување.

ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЈСП-Скопје информира дека од денеска, вторник, 6.04.2021 година, до вторник, 20.04.2021 година, јавниот автобуски превоз во Скопје ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП ќе работат до 18.30 часот.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Препораки на ЦИВИЛ во контекст на изборниот систем и правото на глас

Со серија од написи деновиве ги потсетуваме институциите на препораките на ЦИВИЛ низ годините и се надеваме дека јавноста ќе ги земе предвид како материјал кој може да послужи понатаму во граѓанската едукација за правото на глас и изборната култура во нашата земја.

Во контекст на процесот на измени и дополнувања во Изборниот законик кој го води Министерството за правда, ЦИВИЛ активно учествува со свои предлози и препораки. Тоа се надоврзува на активната улога на организацијата уште од 2008 година кога за првпат се вклучува во изборниот мониторинг.

ЦИВИЛ е една од најгласните организации кои повеќе од една деценија редовно испорачува извештаи, анализи и препораки кои се однесуваат на изборниот систем, правото на глас и изборните процеси воопшто.

Меѓу најчесто повторуваните препораки е и препораката за една изборна единица, како и низа елаборирани препораки за почитување на правото на глас на сите граѓанки и граѓани подеднакво. Државата е таа што има стриктна обврска да го почитува правото на глас и да овозможи максимални услови тоа да се практикува без никакви препреки, притисоци и злоупотреби.

ЦИВИЛ континуирано прави опсежни анализи и на политичкото финансирање и финансирањето на политичките кампањи, како и на улогата на медиумите во изборните процеси.

Пописот како статистичка операција, наспроти политичкото профитерство

Како општествено одговорна организација, ЦИВИЛ организираше серија дебати за пописот, почнувајќи од почетокот на декември минатата година. Бројните настани се надоврзаа на работата на тимовите и редакцијата на медиумската платформа на организацијата кои го набљудуваат процесот од самиот почеток и објавија релевантни информации, анализи и ставови кои првенствено одеа во насока да го истакнат пописот како статистичка операција, наспроти непотребната политизација на процесот.

Како и секогаш, организацијата и во оваа тема дејствуваше „децентрализирано“, па дебати организираше и во други градови, како Штип, Гостивар и Гевгелија. ЦИВИЛ ја следи проблематиката поврзана со пописот на населението од 2011 година и констатира дека оваа тема се политизира и се злоупотребува за политички цели и влошување на меѓуетничките односи. Организацијата е меѓу првите кои во својата програма ја вклучија заложбата да се објасни вистинската потреба и начинот на спроведување на пописот, наспроти манипулациите и политичките злоупотреби. Во ова досие се ставени сите панел дискусии на ЦИВИЛ каде се изнесоа низа различни ставови поврзани со темата: Попис 2021.

Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ