• Latest

Преглед на настани: Панел дискусија на ЦИВИЛ на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“, „Зелен караван“ продолжува утре со работилница во Велес

September 30, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Панел дискусија на ЦИВИЛ на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“, „Зелен караван“ продолжува утре со работилница во Велес

September 30, 2020 16:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ЦИВИЛ ја организираше панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ во организација на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“, која се одржува во хотелот Сити Парк.

На панелот учествуваа Јована Јована Тренчевска, Раководител на одделение за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности во Министерство за труд и социјална политика , проф. Мирјана Најчевска, експертка за човекови права, Висар Адеми, експерт за економија, Лиса Баута Шаќири, авторка и правничка и Рамуш Муарем-Цирко, новинар, а модератор е Дехран Муратов од ЦИВИЛ. На почетокот на панел дискусијата, Џабир Дерала ќе ги претстави ставовите и првичните препораки на ЦИВИЛ на оваа тема.

„Кога ќе се спомене зборот дискриминација, тоа повлекува состојби и ситуации што засегнуваат огромен број луѓе, поединци и групи, заедници и категории на граѓанки и граѓани. Најдиректно и со долгорочни и тешки последици во животот на луѓето е токму дискриминацијата во постапките и процедурите на вработувањето, како во јавниот, така и во приватниот сектор. Тоа е многу почеста појава, отколку што за тоа се говори во јавноста“, истакна Дерала на почетокот на панелот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Дерала: Државата мора да покаже енергичност во спроведување на Законот против дискриминација

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ: 

ЦИВИЛ со осуда на полициската бруталност и со предлог мерки за надминување на насилните инциденти

ЦИВИЛ уште еднаш остро ја осудува полициската бруталност во битолскиот случај, кога полициски службеници претепаа припадник на ромската заедница. Воедно, загрижувачки се зачестените напади, како врз припадниците на полицијата, така и врз лекарите и други службени лица.

Зелен караван на ЦИВИЛ продолжува утре со работилница во Велес

ЦИВИЛ како дел од Зелениот караван организира работилница во Општина Велес, утре, 1 октомври, во просториите на општината со почеток во 11 часот.

На работилницата ќе учествува градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, како и  претставници на општинскиот совет и институциите, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите и активистите во соодветните области. На работилницата се предвидува учество од максимум 20 лица, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

Тренчевска: Законот за заштита од дискриминација ќе се применува и во приватната и јавната сфера

Најчевска: Во државава секогаш отсуствува расправата за темата за дискриминација

Муарем: Издвојување на етничката припадност за вработување не може да се смета како афирмативна

Баута Шаќири: Етничката припадност се користи за популистички мерки

ФЛЕШ ВЕСТИ: 

Собранието денеска ја почна седницата на чиј дневен ред беа ставени петте одлуки за прогласување вонредна состојба поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19, но расправата по нив не почна бидејќи седницата беше прекината по усвојувањето на две одлуки за формирање и изменување на состав на собраниски работни тела.

Владата на вчерашната седница го разреши Роберт Алаѓозовски од должноста Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше за Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, а Роберт Поповски е именуван за Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност.

Првата меѓувладина конференција се очекува да се одржи до крајот на годината.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за аферата со прислушувањето, познат во јавноста како „Таргет-Тврдина“.

Мила Царовска: Не гледам причина зошто да немаме успешна учебна година

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната прес-конференција во врска со процесот на децентрализација истакна дека не зависи од нив, бидејќи, како што рече, не се работи само за еден закон.

СЛОБОДНА ЗОНА:

„Вечното прашање во американската современа политика – Дали телевизиските дебати на претседателските кандидати менуваат нешто суштинско во определбата на гласачите во САД на месец дена пред изборите? – се стави и ноќеска на проба во првиот од трите најавени предизборни ТВ-судири помеѓу Доналд Трамп и Џо Бајден. Традиционално, овие дебати имаат голема гледаност, па како што вели „чичко Гугл“,  првата, во 1960 година, помеѓу Никсон и Кенеди, ја гледале во живо 66 милиони Американци од тогашните 179 милиони тамошни жители; во 1980, на пример, телевизиското надмудрување на Картер и Реган во живо го следеле 80 милиони гледачи од 226 милиони жители; а првата дебата на минатите избори, во 2016, помеѓу Трамп и Хилари Клинтон ја следеле 84 милиони гледачи од тогашните 323 милиони Американци.“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Бајден поубедлив од Трамп во дебата без јасен победник!“

А. Петровска

 

 

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ