• Latest

Преглед на настани: Попишувањето на дијаспората со забрзано темпо, во образованието се поставуваат основите за рамноправност и инклузивност, Цивил продолжува со серијата настани за пописот

March 15, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Попишувањето на дијаспората со забрзано темпо, во образованието се поставуваат основите за рамноправност и инклузивност, Цивил продолжува со серијата настани за пописот

March 15, 2021 17:12
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Попишувањето на дијаспората се одвива со забрзано темпо

Попишувањето на дијаспората се одвива со забрзано темпо. До затворањето на ова издание на Дневникот на Цивил, попишани се 64.176 државјани на Северна Македонија кои живеат надвор од земјата, според изјавата од Државниот завод за статистика утрово. Апликацијата функционира беспрекорно, а интересот за попишување се зголемува од ден во ден.

Сепак, според извештаите од Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, се води и кампања за бојкот на попишувањето на Македонците во дијаспората.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Царовска: Со образованието поставуваме основи за интеркултурност, родова рамноправност и инклузивност

„Уште од најмала возраст момчињата и девојчињата ги насочуваме кон родова нерамноправност и улогата на мажот ја поставуваме поинаку од онаа на жената. Основите на сé што понатаму ни се случува се во основното образование. Сите стереотипи против кои со години се бориме со законски решенија и акциски планови и стратегии, постојат како стереотипи и дискриминација и во учебниците и во наставните програми, и во континуитет продолжуваме да ги едуцираме нашите ученици на дискриминација, на нетолеранција, на родова нерамноправност“

„Политичките партии треба да поставуваат мерит системи во изборот кои жени се поддржуваат и одат напред и добиваат функции, но исто така и во делот на баланс семејство-работа. Задолжително треба да се направат механизми на поддршка на жените коишто сакаат да бидат активни, но од различни причини не можат.  Ако системот не нуди поддршка, не само партиите коишто сакаат да ги поддржат жените туку треба да имаме услуги на локално ниво, училишта коишто се отворени во подолг период, градинките исто така да имаат смени, за да може сите подеднакво да вложат во својата кариера и да се развиваат“,  укажа Царовска.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

ЦИВИЛ со дебата и во Гевгелија: Пописот е статистика, а не политика

По извонредните дебати во Штип и Гостивар, на рутата на јавни настани во организација на ЦИВИЛ се најде и Гевгелија. „Попис: Статистика, не политика“ е насловот на панел дискусијата што ќе се одржи и во Гевгелија, в среда, на 11 март 2021, во Домот на културата, со почеток во 13 часот.

Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата ќе биде одржана без публика, но ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од панел дискусијата ќе бидат објавени на медиумската платформа на организацијата на македонски, албански и англиски јазик. Посебни видео прилози ќе бидат објавени и на YouTube каналот на ЦИВИЛ. Како и секогаш, редакциите со кои ЦИВИЛ има соработка се поканети да ги преземат сите медиумски содржини со соодветна атрибуција и линк.

Во фокусот на панел дискусијата е потребата да се одвои политиката од статистиката, бидејќи пописот тоа и е – статистичка операција, а не полигон за етно-политички пресметки. За јавноста е важно да се слушнат ставовите на учесниците од различни градови во нашата земја, да споделат информации за подготовките на пописот и неговото значење за развојот на општините, економијата, стопанството и градењето политики и практики на локално и национално ниво.

Панел дискусијата ќе трае еден час. За време на дискусијата, тимот на ЦИВИЛ ќе ги следи реакциите и прашањата на социјалните мрежи и дел од нив ќе ги пренесе до учесниците во дискусијата.

Настанот е дел од проектот „Граѓански објектив“, финансиран од Националната фондација за демократија (National Endowment for Democracy) од САД.

 СКЕН – политички видео магазин: Пописот е од суштинско значење, треба да се одржи да видиме кои сме и што сме!

Политиката да се одвои од статистиката, бидејќи пописот тоа и е – статистичка операција, а не полигон за етно-политички пресметки. Гостиварчан(к)и се едногласни дека пописот треба да се спроведе и дека не треба да се бојкотира. Започнатиот попис е тема на ова издание на политичкиот видео магазин СКЕН.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Правда– Во Кривичниот суд – Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Ласкарци”, кој се однесува на автобуската несреќа што се случи пред две години во која загинаа 16 лица, а над 30 беа тешко повредени.

По испрашување на сопственикот на „Дурмо Турс“, судењето за „Ласкарци“ продолжува на 23 март.

Адвокатот на Јордан Камчев, Тони Менкиновски беше дел од тимот на ВМРО -ДПМНЕ кога власта и опозицијата го договараа носењето на Законот за Јавно обвинителство. Опозицијата, а вклучително и Менкиновски се противеа на изгласување на Законот во парламентот.

Општество– Во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ во скопската касарна „Гоце Делчев  беше промовиран новиот софтвер за тестирање на знаењата на припадниците на Армијата и вработените во одбраната на англискиот јазик, согласно НАТО стандардот, СТАНАГ.  Од овој месец започнува официјалната употреба на компјутерскиот софтвер за тестирање по англиски јазик, со што ќе се овозможи сертифицирање поголем број персонал со соодветно ниво на познавање на англискиот јазик

КОВИД-19- Вакцина против Ковид-19 досега примиле 4 782 здравствени работници.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска очекува на седница на Влада да се дискутира за  прашањата поврзани за добивање, пристигнување и исполнување на условите во однос на вакцините од КОВАКС механизмот.

Зелени– Министерот за животна средина и просторно плaнирање Насер Нуредини, директорот на Агенцијата за планирање на просторот Андријана Андреева и раководителите на осумте Центри за развој на планските региони, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој сите страни ја изразија подготвеноста за соработка во процесот на изработка на Просторен план на Република Северна Македонија. Просторниот план претставува национална стратегија за просторен развој и дава насоки за организација, користење, заштита, уредување и управување со просторот на државата. Процесот на изработка на Просторниот план,ќе биде инклузивен и ќе ги вклучи сите релевантни институции во државата, како и невладиниот сектор, а ќе биде усогласен и со регионалното просторно планирање преку консултации со соседните земји и усогласување на пограничните и прекуграничните активности.

СЛОБОДНА ЗОНА

„А, притворањето на г. Камчев ќе биде предмет на шпекулации, правни полемики за надлежноста и појаснувања според кои правни членови е тоа сторено. Како што знаеме, г. Камчев е комплексна деловна и политичка личност, со компликувани интереси далеку зад границите на државава. Логична е претпоставката дека некој меѓународен контакт или комуникација на Камчев влегла во „радарот“ на АНБ на начин и со содржина што ја „активирало“ постапката за негово притворање. Впрочем, самиот Камчев ја активираше (тогашната) АНБ во аферата „Рекет“ со која се обиде да ја сруши власта во Македонија, што никому, тогаш, не му пречеше“ пишува Сашо Орданоски во колумната „Луди, збунети, притворени и пребегани“

И.К.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ