• Latest
Фото: Фронтлајн.мк

Преглед на настани: Претреси во становите на Груевски и Јанакиески, Маричиќ во Брисел говори за владеење на правото, Левица на шофершајбните повикува на бојкот…

March 23, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Претреси во становите на Груевски и Јанакиески, Маричиќ во Брисел говори за владеење на правото, Левица на шофершајбните повикува на бојкот…

March 23, 2021 17:18
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: Фронтлајн.мк

Фото: Фронтлајн.мк

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Претреси во становите на Јанакиевски и Груевски

Во Прилеп изутринава вршен е претрес на објект во сопственост на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски, а во Скопје се претресуваа станови на Никола Груевски, по налог на јавен обивнител.

Како што потврдува и шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за „Слободен печат“, претресот на дополнителниот имот на Груевски е поврзан со предметот „Плацеви на Водно.“

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес во Брисел се сретна со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова со која разговараше за реформите во Северна Македонија со фокус на оние во правосудството, владеењето на правото, но и за европските интеграции на земјата.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ ќе одржи уште два бесплатни вебинари за граѓанско новинарство и медиумска писменост на 2 и 3 април (петок и сабота) со почеток во 13 часот. Вебинарите ќе траат до 17:00 часот.

Можност за учество имаат сите заинтересирани што сакаат да стекнат нови информации и вештини од областа на новинарството, медиумската писменост и начините на кои можат да се вклучат во работата на ЦИВИЛ.

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО

FACEBOOK EVENT

СКЕН – политички видео магазин: Со пописот ќе се положи тестот за човечност

ФЛЕШ ВЕСТИ

БОЈКОТ Политичката партија Левица, како да се во сред изборна кампања, покрај кампањата на социлајните мрежи, веќе започнаа и теренска кампања, меѓутоа овојпат наместо изборна програма делат флаери за бојкот на пописот, односно ги повикуваат граѓан(к)ите да не отвoраат врата. Дали извршија кривично дело? – праша ЦИВИЛ во ЈО, но одговор не пристигна до затворање на ова издание на дневникот.

БЛОКАДИ Владата синоќа упати апел до пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од тој деструктивен начин на дејствување, бидејќи со тоа носат сериозни штети за граѓаните и за државата.

АЛИЈАНСА Министрите за надворешни работи на НАТО на пладне ја започнаа првата седница од дводневниот состанок во Брисел. Ова е првата физичка средба на министрите за надворешни работи на НАТО од почетокот на пандемијата, Нна која учествува, за прв пат, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

ПРЕДЛОГ Во Годишниот извештај за Северна Македонија поднесен до Европскиот парламент (ЕП), кој ќе се најде на дневен ред пред европратениците утре и задутре (24 и 25 март 2021) да се додадат и амандмани кои се однесуваат на непримереното однесување и провокации на претставници на бугарските власти. Со таков предлог вчера излегле европратеници од Зелените и од Социјалистите, кои ги поднеле амандманите, јави бугарската агенција БГНЕС.

ОТЧЕТНОСТ Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO) во Северна Македонија одржа  годишен онлајн настан на кој ги презентираше активностите кои ги спроведуваат во соработка со нивните партнери.

ЕКОНОМИЈА  Ефикасен и транспарентен систем за јавни финансии е предуслов за економски раст на секоја држава

ОБРАЗОВАНИЕ  Матурантите што ќе бидат во изолација ќе полагаат матура во друг испитен рок на крајот на јуни

СЛОБОДНА ЗОНА: ТАХИРИ ЗА ПОПИСОТ, ЗЕЌИРИ ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ

„Повиците за бојкот на пописот се еднакво глупави и бесмислени и деструктивни, колку што се и наведените причини за истиот. Имено, за причина се наведува глобалната состојба со пандемијата на наше „локално“ ниво, дека граѓаните ќе бидат изложени на евентуално заразување со Ковид-19, кога ќе дојде попишувачот на врата. Дури, се собираа потписи против пописот, и тоа со физичко присуство, на коешто потпишување веројатно во улога на иницијатори и потпишувачи присуствувале луѓе со супер-моќи и супер – имуни на корона! А луѓето од дијаспората, во далечната „проклета да е Австралија“ и Канада, ќе се заразат онлајн?!? Лицемерието на иницијаторите на бојкотот не може да се измери, исто како и глупавоста, и нивна, и на послушните дијаспорци“, пишува Дијана Тахири во колумната Попис, што беше тоа?

„Пред пандемијата да го привлече глобалното внимание, гледавме стотици веб-страници кои ширеа лажни тврдења за здравјето. Сè, од тврдењата дека јадењето јами од кајсија може да го излечи ракот, до тврдењето дека вакцините се биолошко оружје дизајнирано за ширење смрт и болести. Само ако пребаруваме на гугл ќе се појават стотици веб-страници, некои со алармантни имиња, и на прв поглед изгледа дека се е испитувано и за се е дадено зелено светло“, вели Сафит Зеќири во Големата “галама” за 5Г мрежата.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ