• Latest

Преглед на настани: Презакажана расправата за задолжително пензионирање, одбележан Денот на ослободување на Скопје, продолжува процесот на деинституционализација

November 13, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Презакажана расправата за задолжително пензионирање, одбележан Денот на ослободување на Скопје, продолжува процесот на деинституционализација

November 13, 2020 17:39
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Комисиската расправа за задолжително пензионирање на 64-годишна возраст презакажана за 18 ноември

Собраниската Комисија за труд и социјална политика на која требаше да бидат разгледани измените и дополнувањата на Законот за работни односи кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж, а се поднесени од група пратеници, и денеска не се одржа. Седницата на комисијата е презакажана за 18 ноември. Комисиската расправа за овие законски измени првично беше закажана за вчера, а потоа презакажана за денеска.

Според анализите што ги направило Министерството за труд и социјална политика, до крајот на годинава возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достигнат околу 6.000 лица. Но, како што појасснуваат од Министерството, тоа не значи дека согласно предложените законски измени сите тие ќе одат во пензија, бидејќи дел од нив веќе имаат побарано барање за продолжување на работниот однос. Со овие измени се предвидува прекинување на договорите за работа со 64  години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку во друг закон не е поинаку регулирано.
 ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ:

СКЕН – политички видео магазин: Хибридните закани – подмолност на интернетот

https://www.youtube.com/watch?v=g1hQun5n9Wc&feature=emb_logo

Крива Паланка ќе издвои средства само за работна рака за новогодишно украсување

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на вечното почивалиште на генерал Михајло Апостолски и пред Споменикот на ослободителите на Скопје,  денеска се одбележа 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во денешниот телефонски разговор со премиерот Зоран Заев истакнала дека Северна Македонија е успешен и позитивен пример за Западен Балкан за остварените реформи.

Министерство за здравство: Во изминатите 24 часа во ковид центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 569 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 133 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот, кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 702.

Министерот за правда Бојан Маричиќ утрово оствари онлајн средба со еврокомесарката за вредности и транспарентност Вера Јурова, на која дискутираше за клучните реформи во областа правда.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров на која разговараа за тековните и идни планови на општината и меѓусебната соработка.

Владата на вчерашната седница го разгледа и го усвои Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Го слушам спортскиот коментатор како егзалтирано, со насолзени очи вреска во телевизискиот микрофон, засипнат и во националистичко бунило, славејќи ја победата на националната фудбалска репрезентација, бидејќи земјата, која со години беше оставена надвор, во „фудбалската дивина“, сега конечно ќе заигра на Европското фудбалско првенство! Фудбалските репрезентативци се прогласуваат за национални херои, тренерот е издигнат во статус на полубожество, а следуваат и пригодни психијатарски  анализи за духот на нацијата, за славното минато, за светлата иднина и за други слични глупости“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Аве, Цезари, карирани, на штрафти!“.

„Во собраниска процедура влезе предлог за промена на Законот за работни односи со која се менува членот 104, кој со оваа измена би гласел: „Договорот за вработување  работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со друг закон поинаку не е уредено.“ Според мене, ова е уште едно неписмено, бесмислено, избрзано и, апсолутно, еднострано менување на Законот за работни односи од страна на власта со цел натамошна партизација на јавниот сектор и ухлебување на партиските војници“, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Кога не знаеш што да понудиш, смени го законот“.

А. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ