• Latest

Преглед на настани: Презентирана „Акција 21 – за европски стандарди дома!”, пописот да не се третира како политичко прашање, мобилна апликација против родово насилство

December 21, 2020
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Презентирана „Акција 21 – за европски стандарди дома!”, пописот да не се третира како политичко прашање, мобилна апликација против родово насилство

December 21, 2020 17:40
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Во владината програма „Акција 21 – европски стандарди дома!” прочистувањето на правосудството е со врвен приоритет

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска одржа прес конференција на која ги презентираше проектите и програмите од владината „Акција 21 – за европски стандарди дома!” за 2021 година.

Во „Акција 21“ се вклучени 10 приоритети, а број 1 на листата е прочистувањето на правосудството.

Во финалето сме на длабоките и суштински реформи во правосудството преку ефикасно и објективно прочистување на судството и обвинителството. Стигнавме до тука после тешка битка со противниците на правдата. За некои од нив, за Мицкоски на пример, во неколку наврати јавно чувме дека се единствени на браникот на криминалот – го знаевме тоа, затоа беа против Законот за јавно обвинителство кој како владејачко мнозинство го донесовме во Собранието, изјави премиерот Заев.

Како резултат на тој закон, предметите за висока корупција се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници. Високи функционери, министри, веќе издржуваат затворски казни за тешки кривични дела. Изминатава година од страна на Судскиот совет биле покренати 80тина предмети, а осум судии биле разрешени. Процесите се почнати, нема назад.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Целта е пописот веќе никогаш да не се третира како политичко прашање, вели Заев

„Имаме за цел со Предлог-законот за попис, оваа статистика операција сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање. Пописот ќе се спроведе, не затоа што Заев така рекол или затоа што Мицковски така сака. Пописот ќе го има затоа што развојот на земјата нема да биде можен без резулатите од него. Затоа што на граѓаните, бизнисмените и институциите им требаат точни статистички податоци за нашето население“, додаде Заев.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Деркоски: Додека уште се бориме со идентификација на гласачите, тешко дека можеме да зборуваме за електронско гласање

Стојановски: Улогата на новинарите е клучна во борбата против инфодемијата

Бачовска: Со медиумска писменост против дезинформациите

Сарачини: Со брзи и навремени информации ќе се спречи протокот на дезинформации

ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за труд и социјална политика заедно со UNDP ја креираа првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство ,,Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски.

Министерството за животна средина и просторно планирање и Сојузот на стопански комори денеска потпишаа Меморандум за соработка. Целта е изнаоѓање ефективни решенија за заеднички еколошки прашања кои ја поддржуваат потребата за одржлив развој.

Економијата се проектира да расте со стапки од 4 – 5 отсто од БДП во следните пет години или двојно повисоки во однос на изминатиот период, додека буџетскиот дефицит или јазот помеѓу приходите и расходите ќе се намалува до 2 проценти од БДП во 2025 година, односно ќе биде под Мастришкиот критериум,  истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.

Нема сомневање дека ние сме подготвени за почеток на преговори за членство со ЕУ и нема сомневање дека било какво одложување за почеток на прегворите е голема грешка, изјави денеска во Виена шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференција со неговиот австриски колега Александер Шаленберг.

Владата на Република Северна Македонија потсетува дека граѓаните, кои ќе добијат 6.000 денари еднократна поддршка, истата може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања. Станува збор за околу 300.000 граѓани кои средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.

Министерството за здравство соопшти дека на Главниот координативен кризен штаб е усвоен заклучок за нови рестриктивни мерки, односно за забрана за летови од и кон Велика Британија до крајот на годинава.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Таман кога помисливме дека, барем за годинава, Софија малку ќе нè одмори од својот антиталент за толкување на политиката за добрососедство, гледаме дека вревата од дуетот Каракачанов-Захариева во Бугарија по повод нивното фијаско со агендата за ЕУ проширувањето на Балканот, не престанува. Иако сме ние и Албанија директните жртви од анти-европската политика на Бојко Борисов, тие имаат возбудена потреба да се дообјаснуваат, нервозно да се правдаат и понатаму да ги ескалираат навредите упатени до нас. Зошто?“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Летаат во авион Тито, Хитлер и Захариева…“.

„Севкупните реформи во образовниот процес треба да резултираат со изградба на самосвесни членови на општествената заедница што ги препознаваат главните прогресивни текови кај нас и во светот и подготвување на стручни кадри што ќе бидат носители и на двата процеса –технолошкиот и општествениот – Стипе Шувар, претседател на државната комисија за реформи во образованието на Југославија,  автор на научниот труд „Насоченото образование како одговор на општествените и економските предизвици“, Загреб 1982 година“, пишува Војо Маневски во колумната „Учење, научување, а знаење?“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ