• Latest

Целта е пописот веќе никогаш да не се третира како политичко прашање, вели Заев

December 21, 2020

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
Илустрација: ВИ

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026
БАНКАТА НА КОЛЕНА - РЕКЛАМАТА АКТИВНА | снимка од веб страницата на банката на 3 ноември 2026

Алта банка Битола под тримесечна администрација: Тројца администратори, ограничени плаќања и отворени прашања за одговорноста

November 3, 2026
Илијана Јотова, претседателка на Бугарија (Фото: Скриншот од Фејсбук видео)

Јотова избрана за претседателка на Бугарија: Нов мандат, непроменети позиции кон Северна Македонија

November 3, 2026

Среднорочни избори во САД: Трамп пред тестот на гласачите, неизвесна битката за Конгресот

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Целта е пописот веќе никогаш да не се третира како политичко прашање, вели Заев

December 21, 2020 11:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, презентирајќи ја иницијативата за европски стандарди дома, истакна дека пописот кој треба да се спроведе следната година ќе чини осум и пол милиони евра и ќе биде за пет милиони евра помалку од пропаднатиот попис во 2011 година и најави дека повеќе ќе се користат електронски уреди, отколку хартија.

Заев верува во успешноста на оваа статистичка операција која, која според него, ќе биде спроведена според најдобрите стандарди на Европската унија.

„Имаме за цел со Предлог-законот за попис, оваа статистика операција сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање. Пописот ќе се спроведе, не затоа што Заев така рекол или затоа што Мицковски така сака. Пописот ќе го има затоа што развојот на земјата нема да биде можен без резулатите од него. Затоа што на граѓаните, бизнисмените и институциите им требаат точни статистички податоци за нашето население“, додаде Заев.

ЦИВИЛ организираше панел дискусија на тема „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“, со строго придржување кон протоколите за заштита од Ковид-19, а учесници на панелот беа Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, актуелниот директор на Заводот за државна статистика, и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Во однос на темата на политизирање на пописот, Џабир Дерала од ЦИВИЛ изјави дека повеќе од една деценија имаме политики кои го контаминираат политичкиот дискурс, односно дека не може ни едно прашање да помине, а да не се исполитизира.

„Пописот може многу лесно да се претвори во оружје со кое се дискредитираат политичките противници. Тоа е една од главните поенти на голем дел на политичарите на десничарка групација во земјата и тука имаме ситуација каде етничките односи стануваат главна тема во сите области“, вели Дерала.

Според него, политичарите го земаат како аргумент за да се покаже дека онаа другата страна е попустлива.

„Се работи за калкулација на тие структури кои може и да не ја постигнат својата целона атмосфера во која граѓаните имаат се помалку доверба во институциите, едноставно креирање на теории на заговор е доволно добар резултат за нив, бидејќи ќе се вклопи во нивната стратегија и во која профитот секако го извлекуваат малкумина во тие структури“, вели Дерала.

Пратениците во Собранието со 61 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ и без „воздржани“, минатата недела го поддржаа предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во прво читање, со што тој ја продолжува собраниската процедура.

За него не се изјасни опозицијата која претходно ја напушти салата.

Предлог-законот за попис беше поднесен во мандатот на претходната влада на СДСМ и ДУИ, но беше заглавен година и половина поради несогласувањата меѓу партиите. Пописот треба да започне на 1 април следната година, а ќе го спроведува Државниот завод за статистика.

Tags: ЕУЗоран Заевпанел дискусијапописпрес конференцијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ