• Latest

Преглед на настани: Приведени четири лица за случајот „Јавна соба“, Македонија и Босна најлошо рангирани во регионот за корупција, Ѓорѓе Иванов можен сведок за „Организаторите на 27 април“

January 28, 2021
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Приведени четири лица за случајот „Јавна соба“, Македонија и Босна најлошо рангирани во регионот за корупција, Ѓорѓе Иванов можен сведок за „Организаторите на 27 април“

January 28, 2021 17:07
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Приведени четири лица во врска со случајот „Јавна соба“, можно е целосно блокирање на апликацијата „Телеграм“

Четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од Штип се проиведени денеска во врска со случајот„Јавна соба“, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку објава на својот фејсбук-профил.

„Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност, напиша Спасовски.
Премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил соопшти дека испратиле категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избришат групат „Јавна соба“ и дека нема да престанат да инсистираат во тоа, додека не се избрише.

„Доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба, каде се сподеува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаме и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Северна Македонија, сè додека не почнат да соработуваат со нас, со единствена цел да се затвори проблематичната група и да ни помогнат во откривање на идентитетот на оние кои споделуваат слики и прават кривично дела. Нам како Влада ни на крај памет не ни паѓа да цензурираме комуникација, но ова е нешто друго и мораме да си ги заштитиме своите граѓани. Денес ова се случува на Телеграм, а утре можеби на некоја друга платформа, затоа ние имаме задача и обврска да направиме сè да обезбедиме соодветна реакција и од оние кои ги создале овие платформи, каде се случуваат вакви кривични дела“, пишува Заев.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Маричиќ: Случајот „Јавна соба“ ќе биде катализатор за побрза измена на законите и за подигнување на јавната свест

Случајот „Јавна соба“ ќе биде катализатор, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво, напиша на својот фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.
„Сите сме длабоко вознемирени од случајот „Јавна соба“ кој го потресе цело наше општество. Пред сѐ како човек изразувам поддршка на жртвите кои поминале и сѐ уште поминуваат низ тежок период. Ги охрабрувам да бидат гласни и укажувам дека може да сметаат на нас, и дека заедно ќе се бориме против вакво зло“, вели Маричиќ.
Овој случај ќе биде катализатор, како што вели министерот, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво.
„Министерството за правда ги изработи измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува значително поголема заштита на жртвите, како оние од „Јавна соба“. Измените се во согласност со Истанбулската конвенција и опфаќаат широк спектар на случаи кога жртви на сексуално, психичко и физичко насилство се жените. Никој не треба да го премолчува насилството! Да не стравуваме, да бидеме гласни и заедно да се избориме против насилниците“, напиша министерот Маричиќ на Фејсбук. 

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Владата на Република Северна Македонија на синоќешната 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19.

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, треба да се појави како сведок на едно од следните рочиштата за „Организатори на 27 април“, иако адвокатите на одбраната најавија повлекување на дел од нивните сведоци. Следните рочишта се закажани за наредната недела, пренесува Радио Слободна Европа.

„Оваа мутација на вирусот не можеше да се избегне и веројатно ќе се случи во сите земји во светот. Таа има побрза трансмисија за 70 проценти, но нема простор за паника, остануваме внимателни. Штом е детектирана на едно место мутацијата веројатно дека ја има и на други места. Мутацијата не мора да е секогаш увезена од некои од земјите“, истакна  министерот за здравство Венко Филипче во врска со детектираниот британски сој на вирусот во земјава.

Министерството за здравство информира дека вчера испратило писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од Ковид-19, со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”.

Два неславни рекорда сруши Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата за 2020 година на Транспаренси Интернешнл (ТИ). Заедно со Босна и Херцеговина, Македонија се наоѓа на 111 место од вкупно 180 рангирани држави на овој индекс. Воедно, на Индексот за 2020 година Македонија го бележи најнискиот резултат и најниското рангирање досега од 2001 година, кога бевме за првпат рангирани на Индексот за перцепција на корупцијата, информираат од Транспаренси Интернешнл-Македонија.

Скопското обвинителство денеска поднесе до Кривичен суд Скопје обвинителен акт за случајот на „Мавровка” во кој инвеститорот бесправно градеше објект од тврда градба кој потоа беше урнат од надлежните органи.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„На десетина месеци пред годинешниве локални избори, впечаток е дека добар дел од гласачкото тело нема да биде расположено за влегување во уште еден изборен циклус по добро утврдените „слоновски патеки“ на кои ќе се применуваат старите партиски предизборни методи: натпревар во понуди до гласачите во кои кандидатите, од една страна, жестоко меѓусебно лично ќе се напаѓаат и навредуваат за тоа кој каков е (и чиј партиски лидер е поголем криминалец, предавник, патриот и сл.); и, од друга страна, кој ќе вети поголеми локални „лажги со опашки“ за остварување на сечии (и ничии) желби по македонските општински друмови и сокаци“, пишува Сашо Орданоски во колумната „А да размислевте за поинаков локален изборен настап?“.

„Божјата волја е неразбирлива за нас смртниците, ама исто е неразбирлива човечката темна страна на самоуништување на сопствениот род. Не е тешко зад историските анали на големите војсководци да се прочита – освоиле, завладеале… Зад овие едноставни зборови најчесто се крие уништување на цели народи и цивилизации. Цезар ја освоил Галија, а убил милиони Келти што не сакале да бидат дел од неговиот историски успех. Атила овојувал цели народи, оставајќи ги на големи човечки ридови телата на убиените. Џингис Кан, Кортес, Наполеон, сѐ се тоа историски личности зад кои останале милиони жртви“, пишува Војо Маневски во колумната „Шалом Ефраим“.

„Еј… влегов во соблекувалната од салата и те сликав без марамата и облеката, на сите ќе им ја покажам сликава, ако…” И ја покажа… слика од полугола тинејџерка која скришно ја сликал. Срамот и агонијата која ова девојче го доживеа, доведе и до обид за самоубиство. А кога го пријави случајот во полиција, хоророт доби институционална рамка. Додека чекаше институциите да се помрднат, сликата се праќаше по групи, а можеби и во оваа одвратна „јавна соба“, пишува Мерсиха Смаиловиќ во „Јавна соба“ = „Јавна срамота“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ