• Latest
Добро утро со Орданоски

А да размислевте за поинаков локален изборен настап?

January 28, 2021

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

А да размислевте за поинаков локален изборен настап?

January 28, 2021 07:00
in АНАЛИЗИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

На десетина месеци пред годинешниве локални избори, впечаток е дека добар дел од гласачкото тело нема да биде расположено за влегување во уште еден изборен циклус по добро утврдените „слоновски патеки“ на кои ќе се применуваат старите партиски предизборни методи: натпревар во понуди до гласачите во кои кандидатите, од една страна, жестоко меѓусебно лично ќе се напаѓаат и навредуваат за тоа кој каков е (и чиј партиски лидер е поголем криминалец, предавник, патриот и сл.); и, од друга страна, кој ќе вети поголеми локални „лажги со опашки“ за остварување на сечии (и ничии) желби по македонските општински друмови и сокаци.

Ако не ме лаже впечатокот, ова ќе бидат можеби првите локални избори, по подолго време, на кои националните партиски лидери во двете најголеми етнички заедници, како такви, нема да бидат во состојба нивните „харизми“, дури и без разлика кои се локалните градоначалнички кандидати, да ги решаваат изборните резултати по општините. И неодамна објавените анкети на јавното мислење покажуваат дека сите партиски лидери имаат прилично низок рејтинг во јавноста, неважно и во однос на убедливоста на нивните персонални споредбени скорови (како во случајот на значајното водство на Заев пред Мицкоски, на пример), а тоа важи и за самите партии: најголемиот дел од „непартиската“ јавност е уморна од тие бесконечни партиско-лидерски надигрувања и надмудрувања и побрзо би гласала против сите, наместо за некого.

Истото тоа важи и за „големите теми“ што го преокупираат македонското, мачно, политичко секојдневие: да речеме, ако СДСМ мисли дека со заслугата за членството во НАТО; или ако ВМРО-ДПМНЕ мисли дека со проблематизирањето на македонско-бугарските односи и спречувањето на пописот ќе можат да настапат и во локалните изборни понуди, може „гадно“ да се изненадат од реакцијата кај важен дел од гласачкото тело.

Во тоа веројатно не спаѓаат економско-социјалните теми, прекршени низ локалните развојни политики, како и општата здравствена состојба на нацијата со епидемијата, за која не знаеме на кој начин ќе се развие во наредните десетина месеци… Тоа се теми кои имаат многу поперсонален импакт врз гласачите, од геополитичките мантрања за тоа кој нè сака и кој нè мрази во регионот, на континентот и во светот и каков е моментниот пропаганден скор со „предавствата“ и „херојствата“ по тие прашања.

Со други зборови, барем за во поголемите урбани центри во државава, се чини дека вниманието на јавноста, овој пат, ќе биде далеку поконцентрирано врз самите предложени кандидати и нивните персонални угледи и понуди, од тоа која партија и кој партиски лидер стојат зад нив. Се разбира, партиските гласачки машинерии и нивните изборни ресурси не се за потценување, но склон сум да мислам дека на многу места решавачка ќе биде поддршката од локалните невладини, независни, непартиски групи, организации и иницијативи, отколку инструкциите и наредбите од партиските штабови. Подобро ќе поминат кандидати кои ќе имаат „органски“ врски со средините во кои ќе се натпреваруваат, кои имаат искрена отвореност кон слушање на локалните вибрации, аспирации и проблемите на гласачите.

Со евентуален ваков пристап кон локалните избори, кај водечките две партии во земјава, ВМРО-ДПМНЕ е во подобра стартна позиција од СДСМ. Опозицијата има историска шанса, со оглед на тоа што сега градоначалникуваат во само неколку општини, на кандидатските листи да исфрлат нови, па дури и независни ликови, неоптоварени од траорната националистичка партиска „биографија“ на централата во Скопје. За тоа е неопходна морално-политичка еманципираност за која не е јасно дали е подготвена самата опозиција, особено имајќи предвид дека таквиот кадровски „руски рулет“ ќе ја реши и судбината на опстанокот на сегашното партиско раководство. Но, не е тоа лоша „висока нота“ со која можат и да си заминат во историјата, наспроти ниските регистри на политичките промашувања со кои ќе си заминат во историјата.

СДСМ, пак, е „ограничена“ во многу поголема мерка во изборот на кандидатите, бидејќи тие ќе мораат со бројни исти ликови да го „бранат“ испорачаното во последните четири години локална власт во шеесетината општини со кои сега „партиски“ управуваат. Од општина до општина, резултатите од тоа владеење им се многу „шарени“, но партиската логика на броењето испорачани квадрати асфалт и поставени должни метри водоводни цевки ќе биде многу подоминантна во предлагањето на ново-старите кандидати, од новиот пристап што би можеле да го заговорат.

Да не се лажеме, шансите за вакво изборно освежување се мали. Ќе си ги направат партиите своите традиционални внатрешни анкети и „консултации“, ќе си подлегнат на „линиите на помал отпор“ со партиските шеми, притисоци, корупции и лобирања, на крајот ќе си се определат за проверени партиски кадри, лојални на партиските раководства. Ќе се судрат на теренот како што отсекогаш се судирале, со купувања гласови и продавање демагогија во неограничени, конфронтирачки количества.

Ќе има меѓу така предложените кандидати и многу добри жени и мажи, но политичката логика зад нивната кандидатура, во суштина, ќе остане иста, без разлика на тоа кој ќе победи, а кој ќе загуби на изборите. Па и изненадувањата – неколку, што можеби ќе ги има – ќе бидат само поучни исклучоци што ќе го потврдат правилото.

А, за голем дел од јавноста тоа, само по себе, ќе биде уште едно разочарувачко изборно искуство.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Tags: ВМРО-ДПМНЕлокални изборипропагандаСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ