• Latest

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026

Кој со Орбан тикви садел…

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

Зголемувањето на албанското присуство во општествениот живот за многу Македонци не се доживеа како момент на еднаквост, како што го гледаат Албанците, туку момент кој сруши една хиерархија за која Македонците мислеа дека е трајна. Погрешниот повеќегодишен став дека „Македонија е само на Македонците, а потоа на другите“, кај нив е разнишан. Она што се случува сега, е дека голем дел од нив сакаат да вратат нешто што, според нив, го изгубиле. Трагедијата за мене е што дел од македонската политика е заснована на овие состојби, а ниту албанската политика не го анализира општествениот тек, туку гледа и се води само од интересот. Во меѓувреме, сите заедно, за жал, ја губиме шансата да изградиме подобро општество за сите.

April 15, 2026 13:57
in МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Назим Рашиди

По протестот за правосудниот испит на студентите Албанци во Скопје, реакциите на Македонците се страотни. Социјалните мрежи вријат од омраза. Ме потсетува на атмосферата по 90-тите години, каде што општеството беше преполно со меѓуетнички тензии и патолошка омраза кон Албанците. Но, ако за тој период објаснувањето беше дека сето тоа доаѓа од српскиот наратив, нa некој начин ме мачеше и мачи тоа како да најдам објаснување зошто истото се случува и денес?

Северна Македонија помина низ неколку тешки циклуси на соочување со сопствените реалности – независноста, конфликтот во 2001 година, Охридскиот договор, Преспанскиот договор – и помислуваш дека овие циклуси му помогнале на општеството да разбере одредени реалности.
Но, изгледа не!

Во потрага по одговор случајно наидов на едно видео на Лукас Бин, бизнисмен и автор, кој објаснуваше одредени ставови според кои за сè во САД се уште за виновен го сметаат претседателот Обама. Бин направил едно истражување засновано на социолошки и психолошки студии, кои можеби најдобро објаснуваат и ми даваадоа одговор зошто се враќа сета оваа длабока омраза кон албанскиот јазик и Албанците кога е во прашање психологијата на масите.

Македонските националисти се опседнати со Албанците и нивните права. Во нивната реторика, како во минатото така и сега, доминира изговорот „Албанците се виновни за сè“. Но, психолошките студии на кои се реферира Бин, даваат неколку објаснувања зошто тоа се случува:

Психолошката цена на фактот да се биде бел (The psychological wage of whiteness)

Во 1935 година социологот В.Е.Б. Ди Боа од Универзитетот во Атланта ги проучувал сиромашните бели Американци. Белите Американци, иако сиромашни, без пари и без моќ, се чувствувале супериорни во однос на Американците со боја. Не затоа што го заслужувале тој статус, туку затоа што вековниот систем ги научил дека тие се супериорните.

Правејќи една паралела со оваа социолошка студија за нашето општество, ситуацијата помеѓу Македонците и Албанците изгледа слична. Просечните Македонци не знаат речиси ништо за Албанците, за нивната историја и култура. Сè што е нивно им е претставено како подобро и над другите, а Албанците како помалку вредни.

Во своето истражување во САД социологот овој феномен го нарекува „the psychological wage of whiteness“ или во мој слободен превод „психолошката цена на тоа да се биде бел“. За Македонија ова може да се преведе како „психолошката цена на тоа да се биде Македонец“. Со други зборови неговата студија зборува, меѓу другото, за незаслужените привилегии, како кај нас со Македонците, кои мислат дека само ако си Македонец треба да си привилегиран во државата.

Но, по политичките случувања, особено по 2001 година, кога Албанците почнаа да бидат присутни во политичкиот живот во високи функции, но и во општествениот, а донекаде и во економскиот живот, и кога самопроекцијата на Македонците дека тие се први, лидери и доминантни се сруши, тие не се прилагодија на новата реалност, туку продолжуваат да не ја прифаќаат општествената промена дека Албанците се подеднакво „први“ како и тие, и тоа создава судир.

Општествените промени, особено по 2001 година, во очите на Македонците се доживуваат како да им е одземено нешто што го заслужуваат – специјалниот статус за кој сметаат дека им е грабнат. За жал, овој сентимент го засилуваат и политичарите, а прогресивниот дел на македонците молчи и судирот продолжува со идејата дека Македонците треба да го вратат она што им е одземено.

2. Закана за социјалниот идентитет

Психологот Анри Тајфел од Универзитетот во Бристол со децении ги проучувал конфликтите во групи. Она што тој го открил е дека кога некој надворешен член од групата ќе го надмине или е подобар од некој член од таа група, во случајов етникум, психолошката реакција не е воодушевување, туку омраза и насилство. Тајфел го нарекува ова „Social identity threat“ или Закана за социјалниот идентитет.

Во случајот со Македонците, неуспешни Албанци би помогнале тие да ги потврдат своите ставови. Но, присуството на Албанците во јавниот живот – дел од нив префинети, образовани, со достигнувања, успешни, компетентни, почитувани – ги крши перцепциите што Македонците ги имаат за Албанците и тоа ги прави уште поодбивни кон нив. Колку подобро настапуваат Албанците во јавниот дискурс, толку позаканувачки се доживуваат од страна на Македонците, бидејќи албанскиот успех е во спротивност со нивната слика за Албанците.

Според нив, Албанците не треба да бидат подобри, поспособни, еднакви. Македонија на Македонците, држава на Македонците, па потоа на другите – тоа е наративот. Но, албанското присуство во јавниот живот го оспорува овој наратив и тоа создава гнев.

Според истражувачите кога слабите и подпросечните луѓе гледаат некој за кој мислат дека е инфериорен, но тој е успешен и вешт, тие не се инспирираат, туку се полнат со омраза и презир,. Она што се случува, повлекувајќи паралели со студиите, е дека дел од Македонците се чувствуваат излажани, особено од нивната политичка класа која им велела дека „ние сме први“, „Македонија на Македонците“, и соочени со разочарувањето што ја носи реалноста бараат некого да обвинат – а во овој случај на мета се Албанците.

Овој сентимент се појавува насекаде – во медиумите, во јавното мнение, во дебатите. Сето тоа затоа што е загрозен социјалниот идентитет создаван со години за тоа кој е прв или кој има поголема сопственост врз оваа земја.

3. „Scapegoating“ (Обвинување на другите)

Од конфликтот во 2001 година и Охридскиот договор поминале речиси 25 години. Правата на Албанците секогаш биле ставани под знак прашање и постојано, од независноста па сè до денес, продолжува да не се прифаќа идејата дека Македонија е на сите, дека еднаквоста не го дозволува Орвеловскиот концепт „некои се поеднакви од другите“. Продолжува наративот дека барањата на Албанците не се легитимни, па дури гледаме и иницијативи за девалвирање на достигнувањата во еднаквоста, како што е целата дебата за службената употреба на албанскиот јазик, отстранувањето на албанскиот казик од сообраќајните табли, од печатите итн. Овие ставови се изразуваат и на политички план и во дебатите каде се засилува идејата дека она што е дозволено за Албанците било премногу или погрешно. Тоа создава убедување дека Албанците не престануваата нешто да бараат, за сè што не оди во земјата виновни се Албанците, итн.

Психолозите ова го нарекуваат „Scapegoating“ или обвинување на другите. Одредување на една цел како извор на сите твои проблеми! Но, ова не е случајно, бидејќи во очите на Македонците, некои нивни политичари со децении Албанците ги портретираа како злото на Македонија. За жал, овие мислења повторно се појавуваат, додека рационалниот глас на Македонците не доминира во мнението на мнозинството.

Албанските мненија и објаснувања во меѓувреме се одбиваат бидејќи се сметаат за мислење на противникот или како релативизирачки.

4. Когнитивна дисонанца

Северна Македонија денес е сосема поинакво општество од она пред 2001 година и после Охридскиот договор. Но, тоа не го прифаќаат сите. Затоа се поставува прашањето, што ја прави постојна македонската опседнатост кон Албанците?

Присуството на Албанците во јавниот живот, нивното претставување слично на Македонците со сите добри и лоши страни, нивната способност, професионализам, паралелизмот во политичкиот и јавниот живот, се коси со она што тие сакаат да го видат, или очекуваат да го видат – каде што Албанците треба да бидат луѓе од пониско ниво, па дури јавно се вели дека треба да бидат „граѓано од врот ред“.

Психологот Леон Фестингер од Универзитетот Стенфорд проучувал што се случува кога луѓето се соочуваат со факти кои ги кршат нивните длабоки верувања и мислења. Ограничените луѓе не го надградуваат своето знаење и верувања кога ќе се соочат со факти, тие уште повеќе го продлабочуваат верувањето што веќе го имаат.

Фестингер го нарекува ова „cognitive dissonance“, когнитивна дисонанца. Во овој контекст, дел од Македонците кои се среќаваат со Албанци кои ја кршат сликата што ја имаат за нив, но наместо да го променат мислењето и да ги прифатат, тие влегуваат во исклучувачки циклус: „ама ти не си како другите Албанци“ или во циклус на уште поголема и погрозна омраза. Погледнете ги ужасните полни со омраза и навредливи реакции на социјалните мрежи што ги предизвика протестот за правосудниот испит и целата дебата за службената употреба на албанскиот јазик.
Никој од тие што реагираа со омраза не гледаа дека нема „нови барања“, туку да се почита Уставот на нашата држава.

Опседнатоста, реакциите кон Албанците не се само политички, туку и психолошки. Албанците се потврда дека „психолошката цена на тоа да се биде Македонец“ веќе не постои, и многу Македонци кои мислеле дека се привилегирани, сега чувствуваат дека имаат криза на идентитетот (додајте ги на ова и другите кризи со соседите – Бугарите, Грците), затоа се уште повеќе опседнати, затоа уште повеќе ги спомнуваат и навредуваат Албанците.

Зголемувањето на албанското присуство во општествениот живот за многу Македонци не се доживеа како момент на еднаквост, како што го гледаат Албанците, туку момент кој сруши една хиерархија за која Македонците мислеа дека е трајна. Погрешниот повеќегодишен став дека „Македонија е само на Македонците, а потоа на другите“, кај нив е разнишан. Она што се случува сега, ако се повлечат паралели со истражувањата, е дека голем дел од нив сакаат да вратат нешто што, според нив, го изгубиле.

Трагедијата за мене е што дел од македонската политика е заснована на овие состојби, а ниту албанската политика не го анализира општествениот тек, туку гледа и се води само од интересот. Во меѓувреме, сите заедно, за жал, ја губиме шансата да изградиме подобро општество за сите.

Текстот е личен став на авторот.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ