• Latest
Војо Маневски

Шалом Ефраим

January 28, 2021
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026

Кој со Орбан тикви садел…

April 15, 2026
Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

April 15, 2026
Народно собрание на Бугарија (фото: Nikolai Karaneschev, CC BY 3.0)

Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026

Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

April 14, 2026
Петер Маѓар (ФБ)

Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

April 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

    Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Орбан падна. Кој е следен?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Крајот на „среќната глобализација“

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шалом Ефраим

January 28, 2021 07:30
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Проучувачите на старите записи и книги велат дека светот неколкупати бил уништуван од божјата волја. Се налутил створителот и пуштил голема вода и го потопил светот. Само избраните се спасиле и го продолжиле човечкиот род.

Божјата волја е неразбирлива за нас смртниците, ама исто е неразбирлива човечката темна страна на самоуништување на сопствениот род. Не е тешко зад историските анали на големите војсководци да се прочита – освоиле, завладеале… Зад овие едноставни зборови најчесто се крие уништување на цели народи и цивилизации. Цезар ја освоил Галија, а убил милиони Келти што не сакале да бидат дел од неговиот историски успех. Атила овојувал цели народи, оставајќи ги на големи човечки ридови телата на убиените. Џингис Кан, Кортес, Наполеон, сѐ се тоа историски личности зад кои останале милиони жртви.

Дваесеттиот век е можеби и круна на темната зла страна на човештвото. Хитлеровота нацистичка идеологија уби шест милиони Евреи во Европа. Народ кој е вткаен во европската цивилизација како нејзин значаен дел. Само на миг, помислете на личности кога треба да покажете некој гениј. Ајнштајн, Њутн, Маркс, Шостакович, сите биле од еврејскиот род. Влезете во црква и од нејзините ѕидови не гледаат апостолите на Христос. Биле од еврејскиот род. Од висините на црковниот свод нѐ гледа Понтократорот Исус Христос, а тој бил Јошуа бен Јоасаф.

На 27 јануари се одбележува – Денот за сеќавање на жртвите на Холокаустот.

Што и да напишам за судбината на европските Евреи веќе е напишано. Затоа ќе ви ги раскажам двете приказни за моите некогашни сограѓани кои се однесени во Треблинка и никогаш повеќе не се вратиле.

Поминав денес низ центарот на Штип и намерно застанав пред споменикот на Евреите. Црн мермер со испишани имиња и презимиња на некогашните жители на Еврејското маало. Тоа е сѐ што го одржува споменот на 511 Евреи и нивните домови, магази, дуќани, банки. Нема веќе трага од големата дрвена Авара ниту од малата Синагога што стоела на тоа место стотици години. Сефаридите дошле во Штип во шеснаесеттиот век, а нивната Ладино песна се слушала повеќе од триста години. Ако е во право генијот Ајнштајн за релативноста на светот, нивните сенки и денес се некаде на  висините над Штип.

Во средината на Ново Село е веќе разрушената куќа на Моис Рубиса. Одамна и тој се придружи на своите предци кај Јахве, а јас сѐ уште ги паметам неговите приказни. Живееше во убаво обелена куќа со зелени прозорци што беа ниско до улицата што води кон училиштето. Често можеше да се види како седи до прозорецот и ги гледа минувачите. Никој не слушнал да измисли некоја лоша приказна за соседите што секојдневно поминуваа пред неговиот прозорец. Ниту кој како бил облечен, ниту што од пазар носел. А, беше вреден човек и нам ни изгледаше дека од сѐ се разбира.

Во тоа време, во мода беа велосипедите што ние по нашки ги викавме – точоци. Еден таков со марка Рог имав и јас. Пустиот често се расипуваше. Дупнатите гуми и сами ги сервисиравме, ама ако се скрши петката или жолтката е тогаш мораше стручна помош од чичко Моис. Тркалата се кривеа не од лошата изработка, туку Словенците не предвиделе дека на еден точок, може да се возат тројца. Спасот беше да се тропне на вратата на чичко Моис и да се најде спас од казната што беше неминовна кога ќе се приберевме дома. Седнуваше Моис и од една дрвена кутија вадеше алат и почнуваше да го поправа тркалото. На белиот камен седнувавме и ние и чекавме да ги собереме искривените жици од тркалото.

Еее деца, деца, овој занает го знам уште од дете, имаше еден мој роднина Елизар, ама сите во Штип го викаа Ело и тој ги знаеше сите тајни на механиката. Пред војната учел занает во Солун кај неговиот роднина. Е, тој човек знаеше да поправи сѐ што е од железо  направено. Немаше мотор што по звукот не го познаваше какво му е здравјето, еее таков мајстор беше.

А работи ли уште тој мајстор избрзано го прашав? Тажен поглед и молчење од неколку минути ми се чинеа вечност.

Не синко, го одведоа лошите луѓе во логор и не се врати повеќе. Јас сум деца последен од моето семејство што живее во Штип. Среќата ми била таква, што да се прави. Во 41-вата година бев во војската кога пропадна стара Југославија и ме однесоа во војничко заробеништво. Многу нѐ имаше таму, деца, гладувавме, а моравме да работиме на изградба на некакви бункери за топови – господ ќе знае за што беа. Ама некако успеав да преживеам и да си дојдам.

Секогаш имало добри луѓе, деца, затоа и светот опстанал, зашто злите луѓе ако немаат кого да уништуваат, ќе се тепаат меѓу себе. Ама такво е човештвото. Подоцна со чичко ти Крсто се боревме по Сремски фронт, ама среќа и од таму се вративме колку-толку живи и здрави. Ете таков е мојот живот, деца. Туку, ај вие пополека дома, а јас ќе се договорам со родителите за цената. Ова што сте го скршиле чини пари, а и приказниве што ви ги кажувам не се бесплатни. И така продолжувавме да се возиме со точакот и натаму, а никогаш не дознав како го убеди татко ми да не добијам казна за скршеното тркало и колку чинеше поправката. Денес пропаднатиот кров на неговата куќа е последен споменик на една човечка судбина и последниот Евреин во Ново Село. Неговиот син Мите Рубиса носи многу приказни за себе, ама и тој со семејството веќе одамна живее во Израел, а секое доаѓање во Штип го користи да ни раскаже по некоја добро смислена приказна.

На другиот крај од Ново Село живееше чичко Коле Ракатков. Сувоњав човек што брзо зборуваше и сè некако брзаше некаде. Приказната за него и неговиот другар Ефраим сѐ уште ми се врти низ мислите, кога се потсетувам на разликата меѓу добрите луѓе и лицата со човечки облик, но без човештина. Тој и неговиот другар Ефраим кого сите го викале Фемчо се родени неколку години по Првата светска војна. Едниот живеел во Еврејското маало, а другиот во Ново Село. Се сретнале кога како чираци почнале да учат чевларски занает. И мајсторот бил Евреин, ама токму заради тоа Фемчо морал да биде највреден и да го чисти дуќанот и кога другите чираци си заминале. Му помагал Коле во чистењето и полека станале неразделни другари. По работата, оделе по коритото на Брегалница и некогаш ловеле риба, а некогаш жаби собирале по вирчињата. Деца како деца, знаеле да се заиграат. Така еднаш Фемчо се обидел да му покаже една еврејска игра што тој ја научил од дедо му.

Одбереш рамен песок покрај реката и ископаш дупка во него. Кога се појави водата оставаш да ја наполни дупката, потоа копаш мало каналче и водата ја спроведуваш по него. Кој ќе одведе подалеку вода низ каналчето тој е победник. Некако секогаш Фемчо победувал.

– Е добро бе Фемчо, како знаеш дека водата нема да застане во песокот се лутел Коле. Хе, хе, абе Коле, ние Евреите оваа игра ја знаеме со стотици години. Така велеше дедо ми дека сме дошле од Андалузија, таму имало многу реки и потоци. Секое семејство морало да знае како да ја одведува водата за да не направи поплава, но и да ја зачува за бавчите. Имало таму многу убави бавчи. Е, ти што мислиш, ние Евреите само со занаети и трговија ли сме се бавеле? Така е овде зошто османлиите на нашите предци, кога дошле во Македонија, не им давале да поседуваат земја и сакале-не сакале, тие почнале да се занимаваат со друго. Со години, другарчињата живееле заедно и на Божик на ручек кај баба Љуба, за Велигден на црвени јајца, ама и на Јом Кипур и Пасха кај Рашела на бесквасен леб и паштета од гускини џигерчиња. Дошла и страшната 43 година. Пролетта срамежливо ја победувала зимата. Цела недела кондураџискиот дуќан бил затворен. Коле доаѓал до замандалените ќепенци и се враќал дома. Низ градот се шушкало дека се спрема нешто многу лошо. Пролетните работи во лозјето не чекаат, па така и Коле морал по к’рот да работи. Се разгрнуваат лозите после кроењето. Таман се потпрел на дикелот кога ја здогледал мајка му Љуба како без шамија трча кон лозјето. Коле, Коле, Евреите ги собрале и ги носат на железничка станица, ги однеле и Фемчо и Рашела. Бегај некаде да не те соберат и тебе, сите знаат колку живеете со Фемчо.

Како да ми се заврте Исарот наопаку, кажуваше чичко Коле. Какво бегање, какви бакрачи. Се стрчав по Мерите, низ лозјата и трњата кон железничката станица. Паѓав, станував и пак трчав. Кога наближувава кон станицата видов војска како стоеше околу возот. Ја спраштив кон Три чешми да го пресретнам возот на кривината. Не се  сеќавам колку трчав, ама стигнав пред да стигне возот. Стоев на белите каменчиња до праговите на пругата и гледав во вагоните. Некои од нив беа сточни со празнини меѓу даските на страниците. Викав со сиот глас, Фемчо, Фемчооо. Од последниот вагон, меѓу даските се појави црната коса на другар ми и слушнав Коле, Коле не ме заборавај – шалом, шалоом. Паднав меѓу праговите и тогаш видов дека сум ги искинал панталоните, чевлите ми беа скинати, а левото колено крваво. Стоев така, кажуваше чичо Коле, додека возот одминуваше кон Овче Поле. Не се сеќавам колку сум стоел и како сум се вратил дома.

Коле Ракатката со осумнаесет години го поминал и Сремски фронт и скромниот живот, ги израсна трите ќерки во успешни личности и живееше деведесет години. Еднаш само му се пожалив на штипскиот ветер, а тој кратко ми одговри: „Мене не ми смета зошто од четириесет и третата има ист звук, секогаш ми се чини дека вели – шалом, шалоом“.

Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Tags: евреиконцентрациони логорисеќавањахолокаустШтип
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ