• Latest

Преглед на настани: ЦИВИЛ со повик против борба против корупција, Бучковски во Софија, Заев со изјава за големата геостратешка грешка на Бугарија

December 9, 2020

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: ЦИВИЛ со повик против борба против корупција, Бучковски во Софија, Заев со изјава за големата геостратешка грешка на Бугарија

December 9, 2020 17:14
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ЦИВИЛ: Борбата против корупцијата е борба за демократија и човекови права

Меѓународниот ден во борба против корупцијата, 9 декември, ја означува континуираната борба против најголемиот непријател на владеењето на правото, но и на демократијата и човековите права. Тоа подразбира и секојдневен напор да се спроведуваат транспарентни и одговорни политики лишени од партиски и политички влијанија.

ЦИВИЛ со години интензивно ја следи корупцијата, особено политичката корупција, која излегува надвор од своите маргини, како по правило, за секој изборен циклус. На Меѓународниот ден на борбата против корупцијата ЦИВИЛ повикува принципиелност, одговорност и транспарентност на сите институции, потсетувајќи дека Законот важи за сите подеднакво и дека никој не смее да полага право на привилегираност само затоа што е на некоја функција.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев: Ветото на Бугарија е неодговорна грешка, остануваме посветени за решение убедени дека е можно без оспорување на македонскиот идентитет

На сите ни е јасно, дека до овој момент Европската Унија не постигна согласност за прифаќање на преговарачката рамка за нашата земја. Оваа неодговорна грешка е горчлива вест за целата наша нација. На овој ден, се слуша големото разочарување кај сите нас во една издишка.

Бугарија стави вето, го прекрши Договорот за добрососедство и пријателство и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција за која во повеќе наврати институциите на ЕУ и земјите-членки, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите.

Тоа не е европски начин. За жал, Бугарија не собра сила да се однесува европски. Бугарија дозволи, да испорача гест кој не покажува ни пријателство, ни братство.

Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ. Во 21 век, не е европски, ниту демократски, да му кажете на друг како да се чувствува, како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати.

За Северна Македонија, за македонскиот народ и за сите граѓани на нашата земја не се прифатливи овие услови.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

„Следна Станица: Европа“ – Конференцијата на ЦИВИЛ за човекови права, правда и антикорупција ќе се одржи на Меѓународниот ден на човековите права

ЦИВИЛ ја организира Конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна Станица: Европа“ на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, со почеток во 12 часот. Конференцијата ќе се одржи комбинирано, со онлјан и физичко присуство, со максимално почитување на здравствените протоколи.

Конференцијата ќе се одржи во две сесии, во 12 и 13:30 часот. Првата сесија од конференцијата е со наслов „Правда и владеење на правото“, а во неа учествуваат Министерот за правда, Бојан Маричиќ и универзитетскиот професор Александар Спасов.

Борба против корупцијата и криминалот, втора сесија на конференцијата на ЦИВИЛ, со учество на заменик премиерот Николовски

Тема на втората сесија од конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна станица: Европа“ е борбата против корупцијата. Учесници се Заменик премиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, политичкиот аналитичар и универзитетски професор, Сашо Орданоски и универзитетската професорка Јасна Бачовска.

СКЕН – Штипјани пред избор за градоначалник

 

СКЕН – Пандемија и инфодемија

(ВИДЕО) Петрит Сарачини: Да се обединиме во различностите и да одиме кон иднината

ФЛЕШ ВЕСТИ 

За Бугарија повеќе не се доволни само зборови, тука сака дела. Подготвени сме да работиме, да најдеме решение за надминување на оваа акумулирана недоверба и да бидеме вистински членки на европското семејство, изјави денеска бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по разговорите со специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски.

Северна Македонија е подготвена целосно да го имплементира Договорот за добрососедство, изјави денеска специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски по средбата во Софија со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба со висока делегација предводена од претседателот на Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, Микола Гнатовски, со кој разговараше за состојбата со затворите и воспитно-поправните домови во земјава, соопшти Министерството за правда.

Корупцијата ја урива правната држава, ги слабее институциите и ја загрозуваа демократијата како темелна вредност создавајќи недоверба меѓу граѓаните. Пандемијата во неколку месеци ни ги покажа сите институционални недостатоци, за кои што делумно корупцијата е значен фактор и затоа треба да се работи на човечкиот капацитет и јакнење на ресуристе во борбата против корупцијата.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со директорите на интерните клиники и разговараа за третманот на болните, состојбата со капацитетите на ковид-центрите и ротациите со персонал.

Здравствените власти решија на местото на објектот во кој функционираше одделението за дијализа во Гостивар да се постави модуларна болница за лекување на пациенти со ковид-19. Вчера започна рушењето на приземната зграда и уредувањето на теренот за неопходната инфраструктура.

СЛОБОНА ЗОНА 

„Ете, така: почетокот многу ветуваше, но и покрај агилноста на проводаџиите од наша страна, на крајот се покажа дека не ни било европски судено. Љубовната романса со Бугарија траеше кратко, едвај две-три години, кога „невестата“ реши да избега во очи на свадбата. На обете страни имаше луѓе кои искрено се понадеваа дека ова е шанса за историско рестартирање на рутината на поодамна стереотипизираните меѓусебни релации. Но, потегот со ветото е толку радикален, што тој чин, самиот по себе, ќе стане нов историски меѓник од кој ќе се мери новото замрзнување на односите. Барем за сегашниве македонски генерации. Меѓунационално“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Крај на една куса љубовна романса“.

„Како што се ближеше вчерашниот ден, притисокот од меѓународната заедница врз Бугарија растеше, како и нашиот оптимизам и за миг ми се стори дека може и да се случи чудо. Хм, некако не ми се допадна таков епилог. Прво, ќе беше тоа наша победа извојувана со помош на ЕУ, во исполнувањето на нејзината стратешка цел, врз притисок на членката Бугарија, по нејзиното прво вето. Ни едно од прашањата кои ги загатнаа двете комисии на историчари не е решено, како ни нашата црвена линија“, пишува Перо Арсовски во колумната „Секое справување со корупцијата и криминалот побрзо ќе нé доближи до Европа од сто акти на согласност од драгиот ни сосед“.

„Синоќа, во срцето на Европа, во Париз, фудбалерите на Истанбул Башакшехир го прекинаа натпреварот против ПСЖ и го напуштија теренот во знак на протест поради расистички испад на четвртиот судија Себастијан Колтеску, кој на првиот судија Овидиу Хатеган му рекол „исклучи го црниот“, мислејќи на помошниот тренер Пјер Вебо. Турските фудбалери добија поддршка и од фудбалерите на ПСЖ. Но, расизмот не заврши со прекин на натпреварот, напротив, расизмот од „Паркот на принцовите“ се пресели на социјалните мрежи. Дел од коментарите се: „Голема работа ако го нарече црнец, е како да го нарече, белец?“, „Ние белците не се лутиме ако некој не нарече белец, не знам зошто црнците се лутат“, „black lives matter само не смееш да кажеш black“… и низа „смешни досетки“ и „експертски“ толкувања дека зборот „црнец“ не е расизам и навреда“, пишува Дехран Муратов во колумната „Црвен картон за расизмот и национализмот!“.

“Не се ни оддалеку безначајни придобивките од бугарската блокада. Се потврди и разобличи хегемонистичката позиција и аспирациите на бугарската политика, но уште поочигледна стана кусогледоста на бугарските политичари. Борисов и Каракачанов се претставија како политичари кои се грижат за својата и само за својата фотелја и, не бирајќи средства, го прокоцкаа имиџот на својата земја пред целата светска јавност. И ова нема да биде заборавено. Секако, треба да се прости, но никако и да се заборави”, пишува Џабир Дерала во колумната Бугарскиот нож се скрши во македонската мека погача“. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ