• Latest

Преглед на настани: Владата и матурантите се договорија, Мицкоски да ги врати изгубените 150. 000 гласови, учебниците под лупа

February 18, 2021
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преглед на настани: Владата и матурантите се договорија, Мицкоски да ги врати изгубените 150. 000 гласови, учебниците под лупа

February 18, 2021 16:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Постигнат договор меѓу Владата и Сојузот на средношколци

Два екстерни испита, а третиот да се трансформира во интерен испит, формирање на работна група меѓу Бирото за развој во образование во надлежност на Министерството за образовани и наука и Сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерни испити, како и матурата да започне една недела подоцна, односно наместо од 29 мај, како што беше предвидено, да започне од 5 јуни, се дел од решенијата за кои се согласни и Владата и Сојузот на средношколци.

Работната група ќе биде составена од претставници на Бирото и од Сојузот и наставници номинирани од Сојузот на средношколците. Со неа ќе претседава претставник од канцеларијата на претседателот на Владата, а целиот овој процес треба да заврши некаде до средина на март.

Премиерот Зоран Заев денеска во изјава за медиумите по средбата со претставници на Сојузот на средношколци, рече дека низ дијалог е најдено квалитетно копромисно решение со кое се гарантира квалитет на матурскиот испит со кој се овозможува секој матурант да може да се запише на факултет овде во државата и надвор од неа.

– Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на пандемијата врз образованиот процес и врз основа на заедничката размена на аргументи и за нас е прифатливо се што е во нивна полза. Беше потребно да излеземе во пресрет и да го најдеме најдоброто можно решение, рече Заев, додавајќи дека нужно било државната матура да претрпи измени.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев: Како одговорна Влада инвестираме во младите луѓе и водиме грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок

Премиерот Заев изрази задоволство што заедно низ дијалог со средношколците се изнајде компромисно решение со кое се гарантира квалитет на матурскиот испит со кој се овозможува секој матурант да може да се запише на факултет овде во државата и надвор од неа.

„Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на пандемијата на образовниот процес, и врз основа на заедничката размена на аргументите и следејќи го примерот од останатите европски држави за нас е прифатливо сѐ што е во нивна полза. Како одговорна Влада инвестираме во младите луѓе и водиме грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок“, рече премиерот Заев и додаде дека ќе се формира работна група помеѓу Бирото за развој на образованието во надлежност на Министерство за образование и наука, и Сојузот на средношколците, која што ќе одлучува за кратење на програмите за екстерните испити. Со работната група ќе претседава претставник од Канцеларијата на Претседателот на Владата и целиот овој процес треба да заврши до средината на март.

 

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

Образование -Груби, Царовска и Адеми, се договориле дека со учебникот по географија за втора година средно, како и со другите учебници, ќе се примени членот 26 став 2 од Законот за учебници.

ВМРО-ДПМНЕ– Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, односно противници на раководењето на Христијан Мицкоски со партијата, го повика претседателот на партијата да се појави на 17-от Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ му порачаа дека партијата има обврска да ги врати загубените 150.000 гласови што „испариле“ од изборите во 2016 до изборите во 2020 година.

Економија -Ќе се отпишуваат каматите на долговите на граѓаните направени до ноември 2020 година, а обврска на граѓаните е да ја платат главнината на долгот

Избори– Заев апелира до ДИК брзо да влезе во постапката за набавка на апарати за гласање со отпечаток од прстот, за да може да се исполни ова законски вградено решение, затоа што постои во Законот.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Всушност, никој од соседите на Косово не е воодушевен од победата на Курти. За Србите, тој ќе биде помалку посакуваниот „непријател“, од досегашниот „непријател“, Хашим Тачи, кого добро го знаеја. Додуша, самиот Курти не е непознат за српската власт, уште од времето кога како 24-годишен студентски лидер го уапсија во 1999 година, за време на 78-дневниот жесток конфликт помеѓу НАТО и Србија заради Косово“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Албин Курти и дилемата за Робин Худ“

„Во Македонија постоеја одреди и баталјони на НОВ кои учествувале од пролет 1944 година во борби за конечно ослободување, а кои делувале дури и на подрачјето на Србија и користени се во акциите во Србија. Под налетите на Црвената армија владата во Софија кон крајот на август се прогласи за неутрална, а после септемврискиот преврат во Софија 1944 година, новата бугарска власт ѝ нареди на Петтата армија да ги нападне довчерашните сојузници Германци. Така што, реално гледајќи, освен што ја премолчува окупацијата на Македонија, бугарската комунистичка историографија ја глорифицира улогата на  Бугарската народна армија во завршните операции за ослободување на Југославија, а го потценува  учеството на НОВЈ, сè на сè, за Бугарија би можело да се каже дека само осум месеци била дел од антифашистичкиот фронт“, пишува Александар Н. Писарев во анализата „ДОСИЕ: Македонско-бугарски односи под рефлектор (2)“

„Предлогот за внесување етничка припадност привремено ги стави под сенка другите прашања како што е очекувањето на вакцините против Ковид-19, реформите во судството, „вработувањето“ на административците, реформите во образованието, па дури и бугарската блокада за почетокот на преговори за членство во ЕУ, а привидно предизвика и ретко согласување меѓу неколку политички ривали.

Евентуалната измена на Законот за лична карта најверојатно нема да предизвика големи промени – ќе останат дежурните „негуватели“ на високи национални чувства и „чуварите“ на државното „единство“ како и секогаш…“ – анализа „Етнички“ лични карти, чекор поблиску или подалеку од граѓанскиот концепт на државата?

Со години наназад, ЦИВИЛ ја следи проблематиката поврзана со пописот на населението и констатира дека оваа тема се политизира и се злоупотребува за политички цели и влошување на меѓуетничките односи. Организацијата е меѓу првите кои во својата програма ја вклучија заложбата да се објасни вистинската потреба и начинот на спроведување на пописот, наспроти манипулациите и политичките злоупотреби. Во ова досие се поместени најважните настани и ставови поврзани со темата: Попис 2021. Анализа  – Досие: Попис на македонски начин, меѓу статистиката и политиката

„Езерото „Треска“ во Општина Сарај, Скопје каде е прогласена слободна туристичка зона (како велат новинарите, а не може да се направи увид во таа одлука) стана тема на нашата реалност која е замаглена и оптеретена со перманентна узурпација на зелените простори перцепирани како слободни. Законски предвидената процедура веројатно била испочитувана и помината, но етичкиот момент во нашето однесување изостана. Многу е битно што езерото е градено од самопридонес, а тоа значи негување на човечкото на колективно ниво.“, пишува Даница Павловска –Циги во колумната Езерото Треска…

„Ако влезеш во некое наше просечно училиште, во некој поголем провинциски град и сликата ќе ти биде појасна. Најголем број од зградите се од осумдесеттите години и се со модернистичка функционална архитектура. За тоа време потполно прикладни на потребите. На нив веднаш можеш да приметиш колку пати се реновирани аулите, ходниците или самите училници.“, пишува Војо Маневски во колумната Кодекс ирање

Дијана Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ