Тимовите предводени од премиерот Зоран Заев од една и од Христијан Мицкоски од друга страна, се сретнаа ноќта помеѓу 10 и 11 септември на преговори за законот за јавното обвинителство. Шест часа по почетокот на преговорите, средбата беше прекината без договор во 3 часот по полноќ.
На фотографијата е тимот на премиерот Заев кој заминува во 3 часот по полноќ.