• Latest

Преку старо видео и лажен превод се манипулира дека Зеленски вечерал со нацисти од Азов

April 27, 2022
Фото: Скриншот од видео на France24

Контрадикторните изјави на Виткоф и Рубио поттикнуваат неизвесност за безбедносните гаранции пред средбата Трамп-Зеленски

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Н1

Тактиките на Вучиќ кон студентите постојано се менуваат, но едно е константно – заплашувањето

August 17, 2025
Фото: Ryanair / Фејсбук

Нискобуџетниот „Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана, инвестиција од 300 милиони долари и повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 17, 2025
Фото: Фејсбук

Словачкиот премиер Роберт Фицо го пофали самитот Путин-Трамп, повторувајќи ја пропагандата на Кремљ

August 17, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Граѓаните од независните листи гневни, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ жалат за пропуштената шанса со Изборниот законик – направиле сé што било до нив

August 17, 2025
Семејствата на заложниците и антивладините демонстранти се собраа кај портата Бегин во Тел Авив, Фото:
DWS News

Демонстрантите во Израел бараат договор за заложниците во еден од најголемите антивладини протести од почетокот на конфликтот во Газа

August 17, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

Последици од самитот во Алјаска: Европа ги отфрла илузиите, цврсто стои зад Украина

August 17, 2025
Фото: Влада на РСМ

Зајкова: Работела без дозвола, а превезувала деца и туристи – кој ќе одговара за жичарницата на Водно?

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Firstpost

Повеќе од 200 лица се водат како исчезнати во област погодена од поплави во Пакистан

August 17, 2025
Фото: ЗХГ/Фејсбук

ЗХГ: Измените на Изборниот законик се обид за лажно и привидно намалување на прагот, кој е превисок

August 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Преку старо видео и лажен превод се манипулира дека Зеленски вечерал со нацисти од Азов

April 27, 2022 13:45
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter
Видеото е дел од подолг видео материјал од 24 минути кое Зеленски самиот го има објавено на својот Фејсбук профил, а за кое имаат известувано и украинските медиуми. Од датумот во новинарските написи, евидентно е дека видеото потекнува од 2019 година, за што сведочат и фотографии објавени на веб-страницата на претседателот. Во случајов не станува збор за средба со нацисти од Азов, туку со воена единица кај селото Золоте во луганската област пред три години, пишува Вистиномер.

Рецензиран е пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, каде е споделено видео од 1.5 минута, за кое се тврди дека го портретира украинскиот претседател Володимир Зеленски „како вечера со нацистите од Азов баталјонот”.

Во објавата пишува:

Скандалозно видео со Зеленски како се договара со нацистите да убиваат луѓе како во Буча. Видеото е од тајната Телеграм група Азов. Ова нема да се види на телевизија. Со бугарски титл.

На видеото навистина се гледа претседателот на Украина, Зеленски, како вечера со војници, ама тие не се од Азов, туку се воена единица кај селото Золоте во луганската област. Бугарските преводи, односно титлот, немаат никаква врска со зборовите кои украинскиот претседател и неговите соговорници ги разменуваат, а се однесуваат на сосема различни теми.

Целта на ова измамничко видео е да таргетира луѓе кои не разбираат украински и кои лесно можат да бидат измамени од лажните преводи кои се презентираат во текот на видеото под конверзациите што Зеленски ги има со војниците. Истото видео го има и на Јутјуб, на канал со мала видливост и нема голем број прегледи.

https://www.youtube.com/watch?v=LFIA3F-TPic&t=1s

Во видеото Зеленски зборува со Олег Микац, украински војник кој во 2019 година, кога е и снимено видеото, бил командант на силите на оперативно тактичката група Луганск. Потоа, присутни се војници од групата Луганск, советници на Зеленски, обезбедувањето на претседателот и готвачите.

Во видеото украинскиот претседател вечерал со војската на одборот Луганск на вооружените сили на Украина. Зеленски не дава никакви инструкции, туку разговара за претстојното раздвојување на војниците во атарот на селото Золоте. Буча воопшто не се споменува. Зеленски сака да ги провери позициите на украинските војници во ноќните часови, кога руските војници најинтензивно пукаат.

Проверувачи на факти од Бугарија, пишуваат дека ова видео е уште еден неуспешен обид да се амнестира руската војска за злосторствата во Буча. Тие имаат направено и целосен превод на титловите кои се лажно презентирани во видеото на постот што го рецензираме.

Видеото е дел од подолг видео материјал од 24 минути кое Зеленски самиот го има објавено на својот Фејсбук профил, а за кое имаат известувано и украинските медиуми.

Меѓу нив е и Киев Пост.

Од датумот во новинарскиот напис, евидентно е дека видеото потекнува од 2019 година.

Според написот, Зеленски ноќевал во градот Золоте во луганската област на Украина.

И на официјалната веб страница на претседателот Зеленски, објавена е информација со фотографии од посетата.

Според тоа соопштение, Зеленски се интересирал за условите за живот, социјалните потреби на цивилите и на војската. Една од дискутираните теми била и можна сепарација на трупите. Тој се сретнал и со група вооружени мажи кои се сместиле во приватен дом на излезот од Золоте.

Некои разговори беа емотивини. Сепак, имам волја да продолжам да зборувам и да барам взаемно разбирање. Но, не може да се заврши војна со разговори. Важно ми беше да ги слушнам Украинците кои се борат за мир. Ова е за мене главната работа. Мора да најдеме начин и да работиме да се заврши војната. Но, не по секоја цена, и тоа го потенцирам, изјавил Зеленски, како што е објавено на официјалната страница на пртеседателот на Украина. 

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека на видеото во постот што го рецензираме, не е претставен Зеленски како им зборува на војници да убиваат, како во Буча, а видеото не потекнува од сега, туку од 2019 година.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ