Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн соопшти дека поднесува оставка, посочувајќи дека „нема повеќе енергија“ по пет и пол години на власт и девет месеци пред наредните парламентарни избори.
Таа на новинарите во Напиер им рече дека 7 февруари ќе биде нејзиниот последен ден како премиер, пренесува АП.
Ардерн беше пофалена ширум светот за нејзиното справување со најлошото масовно пукање во нацијата и раните фази на пандемијата на коронавирус. Но, таа се соочуваше со зголемени политички притисоци дома што не го доживеале претходните лидери на Нов Зеланд.
Сепак, нејзината објава беше шокантна низ целата нација од 5 милиони луѓе.
„Знам што е потребно за оваа работа и знам дека веќе немам доволно енергија. Толку е едноставно“, рече таа.
Лабуристичката партија во следните три дена ќе гласа за нов партиски лидер, кој ќе биде и нов премиер. Вицепремиерот Грант Робертсон веднаш изјави дека нема да се кандидира за таа функција.