• Latest

Пресек: Груби и Алаѓозовски на настанот на ЦИВИЛ уверуваат дека европските вредности се возможна мисија, Владата ќе додели 200.000 картички за српските туристи за патарина во два правци…

May 26, 2021

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: Груби и Алаѓозовски на настанот на ЦИВИЛ уверуваат дека европските вредности се возможна мисија, Владата ќе додели 200.000 картички за српските туристи за патарина во два правци…

May 26, 2021 17:41
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Груби и Алаѓозовски на јавен настан на ЦИВИЛ: „Европските вредности – (не)возможна мисија?“

ЦИВИЛ организираше јавен настан на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ на која учествувале првиот вицепремиер, Артан Груби и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски. Модератор на настанот беше Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Главното прашање на панел дискусијата се однесува на можностите, политиките и практиките на национално ниво во промовирањето на европските вредности, а во тие рамки и еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот во земјата.

Првиот вицепремиер, Артан Груби, на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ зборуваше за европските вредности како начин на живот.

„Да бидам најискрен, синоќа кога ме потсетија за настанов и ми испратија готов говор, го видов сабајле и не ми се допадна и си напишав нов бидејќи треба да се испратат пораки важни.

Денес, по тоа што видов, настанот е за европските вредности. Нашата земја ги споделува европските вредности за мир, толеранција, владеење на право итн. Но во својата суштина, европските вредности вред се многу повеќе од една default состојба на една целина. Тоа  е начин на живот и пожртвуваност за мирот. Нашиот континент имал подолги периоди на војна отколку на мир.

Различностите се придобивка и колорит, но во исто време е и проблем од верски, етички и други прашања. Тоа е поради дискриминација. Еднаквоста е формулата за мултикултурата.  Колку државата е по лојална кон граѓаните, толку граѓаните се полојални кон државата.

Не може општество да биде едно ако не сме еднакви. Сите наши влади беа евроатлански и силно посветени за ЕУ и НАТО бидејќи силно веруваа во таа посветеност. Во 2018 Евроатланскиот сојуз ги отвори вратите за Хрватска и Албанија, но не и за нас.

Го постигнавме и ратификувавме Преспанскиот договор и добро соседскиот  договор со Бугарија, го променивме Уставот и го ратификувавме Охридскиот Рамковен договор. Одржавме локални парламентарни и претседателски избори. Го сменивме начинот на размислување и делување. Тоа го направивме хазардски без многу размислување.

Европа е вториот најмал континент на планетата по големина. Едноставна слика со тажна црно бела графика покажува дека нашиот континент повеќе од 2000 години е повеќе во војна отколку во мир.

Кога носеа одлука тогашните ЕУ лидери беа храбри, миротворни. Одлуката ја носеа имајќи ја одговорноста за носење на мир. Не верувам дека мислеле кога ја носеле одлуката како да стигнат до следните избори.

Ова наше општество наместо да се награди е пред голем предизвик поради уште еден бесмислен спор, кој ти вели дека си нешто што не си. Спор кој ти вели дека до 1945 година зборуваш еден јазик а од 1945 година наваму зборуваш друг јазик.

Јас не знам како да си објаснам себе си, а потоа и на моите деца, која е причината која ние чекаме пред затворена врата во 2021 година. Нема да се откажеме и ќе продолжиме да ја градиме Европа дома бидејќи е есенцијално. Есенцијални се толеранција, еднаквост и недискриминација“, истакна Груби.

„Реторички е прашањето дали е возможно да има недискриминација, еднаквост и почитување на мултикултурализмот во нашето општество, и за нас нема друга алтернатива освен да ги ги подржуваме и веруваме во европските вредности и имаме обврска да ги спроведеме“, истакна националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски.

„Поаѓајќи од состојбата на негативни појави во минатото кои беа нотирани во низа извештаи, ние решивме да им ставиме крај на дискриминацијата, нееднаквоста, поделеноста, особено меѓуетничката поделба. Ова стратегија е да се надминат сите разлики и да не прави поделби на „или-или ситуации“. Мултикултурата мора да живее и да биде достапна. Особено со цел да ја надминеме таа поделба и јаз во општеството. Недржавничко е ако од предизвиците се разочараме. Секогаш ќе се соочуваме со предизвици, но мора да продолжиме со работа. Министерството за политички систем доживеа трансформација за да може да функционира подобро“, истакна Алаѓозовски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Муратов за Утрински брифинг: Ако сакаме да бидеме граѓани на Европа треба да се насочиме кон почитување на различностите

ЦИВИЛ ВО ЖИВО

Важно е да се разберат европските вредности

ФЛЕШ ВЕСТИ

БЛАГОДАРНОСТ Владата на РСМ ќе додели 200.000 картички за српските туристи со по 760 денари за патарина во два правци, колку што чини транзитот по Коридор 10 низ Северна Македонија.

СРЕДБА Вашата независност, ефикасност и транспарентност се рефлектира во унапредувањето на параметрите на живот на граѓаните и вие сте коректив на институциите и органите на државната управа во насока на обезбедување поефикасен сервис на граѓаните и заштитата на нивните права, му порача премиерот Зоран Заев на народниот правобранител Насер Зибери на денешната средба во Владата.

ЕКОНОМИЈА Од 50 илјади до 750 илјади евра е сумата за која општините во Република Северна Македонија ќе можат да аплицираат на јавниот повик за користење средства за инвестиции во општински енергетски ефикасни објекти, чиј вкупен фонд изнесува 10,5 милиони евра, а беше објавен пред една недела.

ПРАВДА Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на настанот „Организации од јавен интерес – регионалните и домашните искуства во пресрет на измената на Законот за здруженија и фондации“ кажа дека граѓанскиот сектор кога беше најпотребно и во најтешките моменти за државата се постави како брана на авторитаризмот и беше клучниот фактор кој се бореше за демократизација на државата. Маричиќ ја потенцираше улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор.

ДОБРОСОСЕДСТВО Како можност за обновување на дијалогот и довербата и за зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во духот на Договорот за соработка, пријателство и добрососедство, ги оценија претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев заедничкото патуваење за Рим и Ватикан и заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Сме слушнале за мултикултурни друштва и групи, но дали сме  размислувале за мултикултурни индивидуи и за тоа што тие носат во организациите? Мултикултурни индивидуи – како што се Кинеско-Канаѓаните, Турско-Германците или Арапско-Американците, или во многу примери неколку заедници во нашата земја  – обично размислуваат, перципираат, се однесуваат и одговараат на глобалните проблеми на работното место на посложени начини отколку на монокултурните лица“, пишува Диана Тахири во мултикултурниот текст со наслов „Што нѐ прави мултикултурни“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ