• Latest

Пресек: Санкции за Белорусија, Забрчанец за борбата против дезинформациите пред ОН, ЦИВИЛ со настан на „жешка тема“

May 25, 2021

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: Санкции за Белорусија, Забрчанец за борбата против дезинформациите пред ОН, ЦИВИЛ со настан на „жешка тема“

May 25, 2021 17:32
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЕУ и САД со нови санкции против Белорусија откако Лукашенко пренасочи авион за да уапси новинар

Лидерите на Европската Унија договорија нови економски санкции против Белорусија, додека американскиот претседател Џо Бајден ги поздрави најновите санкции на ЕУ и најави дека САД ќе преземат слични мерки. Ваквиот епилог следи откако белорускиот режим на Александар Лукашенко во неделата пренасочи авион на „Рајанер“ што леташе од Атина за Вилнус да слета во Минск, поради наводна дојава на бомба во авионот, пренесува Гардијан.

Белоруските власти слетувањето во Минск го искористија за да го уапсат 26-годишниот новинар и блогер Роман Протасевич, кој бил патник во авионот. Иако не патувал за Минск, а авионот не било ниту предвидено да изврши трансфер на патници во белорускиот главен град, овој новинар и блогер што живееше во егзил и работеше на еден од последните независни извори на информации во Белорусија, од властите е префрлен во „Истражниот затвор 1“ во Минск.

Белоруските власти по апсењето на Протасевич објавија видео, во кое тој изјавува дека ќе соработува со иследниците и ќе признае дека ги организирал масовните протести во Минск, алудирајќи на минатогодишните протести што беа најголемиот предизвик за опстојување на власта за Лукашенко од доаѓањето на неговиот режим. Таткото на новинарот, Димитри Протасевич тврди дека неговиот син бил измачуван и принуден со насилство да даде изјава, поради чиешто признание може да добие казна затвор од 15 години. Заедно со Протасевич, од белоруските власти уапсена е и неговата девојка Софија Сапега.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Забрчанец пред ООН: Преку транспарентност и брзо информирање се спротивставуваме на дезинформаторите

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија, Марјан Забрчанец, преку видео обраќање учествуваше на Тематската дебата на високо ниво на Обединетите нации, за дигитална соработка и поврзување.Дебатата на членките на ООН се случи во светло на итните потреби за адресирање на дигиталниот јаз и потребата за дигитална соработка и поврзување во светот, со цел адаптација на пандемијата КОВИД-19 и имплементација на стратегиите за излез. Националниот координатор Забрчанец се осврна на важноста на борбата со дезинформациите, потребата од будност и за заедничка соработка на сите земји членки на Обединетите нации, како и потребата од споделување искуства, обединување и силно спротивставување кон дезинформаторите кои се закана за демократиите во светот.

„Да се лаже е срамно. Да се разоткрива лагата е храбро“ – изјави Забрчанец – „Ја претставувам Северна Македонија, земјата која во 2018 година надмина 3-децениски проблем со соседот Грција и постигна договор за нашето уставно име, што беше услов за наше зачленување во НАТО и за придвижување напред кон членство во Европската Унија. Треба да бидеме будни и справувањето со дезинформациите да го прифатиме како секојдневие. Тоа бара храброст, соработка и сојузништво. Постојано да ги изложуваме пред јавноста лажните информации и тие што ги продуцираат. Постојано да споделуваме искуства, успешни и неуспешни, од справувањето со дезинформаторите. Нека се срамат дезинформаторите, а ние да соработуваме и повеќе и посилно за што поскоро, тие да потонат во срамот. Да се обединиме и силно да им се спротивставиме!“

„ЦИВИЛ 7“ во знак на борбата против говор на омраза и промоција на мултикултурализмот

ЦИВИЛ Седум е нов редовен видео прилог на ЦИВИЛ Медиа, во кој, секоја седмица се отсликуваат активностите и работата на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Еднаш седмично, тимот на ЦИВИЛ се осврнува на најглавните случувања во државата, како и на активностите кои редакцијата секојдневно ги извршува.

Ова издание ќе имате можност да го проследите во два дела.

ЦИВИЛ 7 (прв дел)

ЦИВИЛ 7 (втор дел)

ФЛЕШ ВЕСТИ

Образование и реформи Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ од денеска до четврток во подрачни одделенија на Државната изборна комисија во Скопје и Битола одново ќе собира потписи за да се иницира референдум, за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, откако во Собранието минатата недела не беше прифатена нивната иницијатива  зашто потписите не биле собрани согласно со Законот за референдум.

–Правото на покренување на иницијатива за референдум е легитимно, затоа што е уставно загарантирано. Но сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана, апсурдно е на референдум да се блокира напредокот и дигитализацијата со која се осовременува образованието. Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот.

Законското решение кое се однесува на материјалите за учење е целосно во согласност со времето и ерата на ИТ технологијата во која младите живеат и за најголем дел од нив, примената на електронски уред за совладување на одредена наставна материја или тема, пребарување и истражување на податоци преку интернет не претставува проблем, туку вообичаена практика која со законот ќе стане достапна за сите, вклучително и за учениците од социјално ранливите семејства, соопштија од МОН.

Интеграции Османи –Рау– Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на работна посета на Република Полска се сретна со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Збигњев Рау. На разговорот, во преден план беа актуелните теми поврзани со евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и притоа Османи ја истакна благодарноста на нашите граѓани за поддршката и помошта што Полска ни ја дава во процес на проширувањето на ЕУ. Беше истакнато дека остануваме посветени на доследна имплементација на реформската агенда, како и на активностите за унапредување на добрососедските односи, со посебен фокус врз Бугарија, преку имплементација на акцискиот план за интензивирање на секторската соработка и отстранување на постоечките разлики.

За време на презентацијата на својот тим, новиот министер за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев најави дека прв приоритет ќе биде враќање на довербата и интензивирање на билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Економија и билатерала  Економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како две соседни и пријателски земји, има сериозен потенцијал да се продлабочува уште повеќе, заклучија на меѓусебната средба вицепремиерот Битиќи и министерката Хајдари и посочија дека за поздравување е податокот дека трговската размена во првите три месеци од 2021 бележи пораст од 30%.

Антикорупција По повод донесувањето на Законот за измена и дополнување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, денеска  се одржа јавна дебата на тема „Уредување на правниот статус на бесправно изградените објекти” во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ со јавен настан на „жешка тема“: Европските вредности и мултикултурализмот – (не)возможна мисија?

ЦИВИЛ организира јавен настан на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ на 26 мај, (среда), во хотел Парк Резиденс (сала Њујорк), со почеток во 13 часот. Настанот ќе трае 60 минути.

Учесници на настанот ќе бидат вицепремиерот Артан Груби и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски. Модератор на настанот ќе биде Џабир Дерала од ЦИВИЛ. Главното прашање на панел дискусијата се однесува на можностите, политиките и практиките на национално ниво во промовирањето на европските вредности, а во тие рамки и еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот во земјата.

Понатаму, ќе се осврнеме и на тоа дали и колку Охридскиот договор е имплементиран во изминатите 20 години, како и на тоа како и во која мерка се спроведува Стратегијата „Едно општество за сите“.

Настанот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и видео каналот на ЦИВИЛ , а добрoдојдено е присуство и на ТВ екипи, со строго придржување на протоколите за заштита од Ковид-19.

Сите материјали од настанот ќе бидат достапни на македонски, албански и англиски јазик.

Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.

По повод 25 мај, денот на младоста , ЦИВИЛ ги праша граѓанките и граѓаните што за нив значи овој ден.

„Тој 25 мај, денот на младоста, ќе остане во моите сеќавања како безгрижен ден исполнет со гордост, среќа… За тој ден живеевме и се докажувавме во училиште да сме први во секциите за да ни дозволат да ја допреме штафетата на младоста. Вечерта со пригодна вечера седевме и го гледавме слетот го учевме текстот што ќе беше кажан и се молевме да не падне штафетоносецот по скалите кои водеа до Величенствениот наш другар ТИТО. И штом ќе завршеше слетот, обавезно беше прашањето: ,,Ти Луција како стоиш со оценките“? Да, 25 Мај ми е врежан како датум за последна шанса да се поправи некоја оценка“, истакна Луција Кировска…

СЛОБОДНА ЗОНА

-Во последно време, можеби не на многу сериозно и елаборирано ниво, се разговара за вклучувањето на сексуалното образование во наставната програма. Но, бидејќи во оваа белешка се спомнува зборот „секс“, како општество со квази-конзервативен начин на размислување, имаме тенденција да реагираме и да ја манифестираме нашата хистерија за нашите светогледи за сексот и моралот.

Во овој контекст, квази-конзервативните општества, кои сметаат дека конзервативизмот е условен и контекстуален, поради јавното мислење се изразуваат а приори верувања дека сексуалното образование се однесува на перверзија. Што е всушност сексуалното образование и дали е потребно како предмет во училиштата, кога веќе едногласно се согласуваме дека на нашето општество му треба широка дебата за образовниот систем на национално ниво?, пишува Латиф Мустафа во анализата Преку сексуалното образование до нова фаза на цивилизираност

 -Дебатата е легитимна и потребна, посебно затоа што сѐ почесто сме сведоци на изјави од типот „доаѓа до смена на генерациите во политиката“.

Сериозноста на предизвиците што се пред нашето општество и држава, секако дека бараат и знаења и мудрост. Енергијата што ја поседуваат младите е потребна, но вистинското прашање е дали е доволна.

Не се менува само генерацијата на политичари, туку се менува и светогледот и вредностите кои ги носи новата генерација.

На постарите политичари како култура на однесување и јавни манири им беше „покажување на должно почитување кон политичкиот противник во јавноста“, а во реалниот живот личната нетрпеливост, подметнувањето, па и предаторските постапки, беа често поведение на учесниците во политичкиот живот. Ова уште повеќе важеше за политичките партнери кога на нивниот заеднички пат ќе се појавеше некоја раскрсница од спротивставени интереси, пишува Војо Маневски во колумната Малолетници

-Само два портали известија за лицемерието на руската политика, дека во Скопје на Македонците им го честита денот на сесловенските просветители со 4 години стара изјава на Путин дека Св. Кирил и Методиј дошле од „македонската земја“, а во Софија на Бугарите им честита велејќи им дека е „надвор од секое сомнение улогата на Бугарија во формирање и распространување на словенската писменост“, посочува Петрит Сарачини во Миднајт експресот Четири години стара изјава на Путин, за покритие на руското лицимерие и жестока проруска пропаганда

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ