ЦИВИЛ организира јавен настан на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ на 26 мај, (среда), во хотел Парк Резиденс (сала Њујорк), со почеток во 13 часот. Настанот ќе трае 60 минути.
Учесници на настанот ќе бидат вицепремиерот Артан Груби и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски. Модератор на настанот ќе биде Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
Главното прашање на панел дискусијата се однесува на можностите, политиките и практиките на национално ниво во промовирањето на европските вредности, а во тие рамки и еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот во земјата.
Понатаму, ќе се осврнеме и на тоа дали и колку Охридскиот договор е имплементиран во изминатите 20 години, како и на тоа како и во која мерка се спроведува Стратегијата „Едно општество за сите“.
Настанот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и видео каналот на ЦИВИЛ , а добродојдено е присуство и на ТВ екипи, со строго придржување на протоколите за заштита од Ковид-19.
Сите материјали од настанот ќе бидат достапни на македонски, албански и англиски јазик.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.
Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.
ЦИВИЛ