Сопственикот на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски вчера вечер бил претепан од две непознати лица пред неговиот дом во Битола.
Кај Божиновски била констатирана скршеница на носот и други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош и утрово бил пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница.
Од МВР го потврдија настанот и велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„На 25.10.2022 во 20.42 часот во СВР Битола, П.С. од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин“ во Битола нејзиниот сопруг З.Б. бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – соопшти МВР.
За сега не е познат идентитетот на напаѓачите, ниту пак мотивите за овој инцидент.
ЦИВИЛ осудува секаков вид на насилство.