• Latest

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка, се пожали на притисоци од премиерот Мицкоски

December 2, 2024

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка, се пожали на притисоци од премиерот Мицкоски

Во телевизиско гостување Мицкоски истакна и дека на нашето место, на местото на постојаните членови на советите, треба да дојдат „нивни“ луѓе, претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија. И ова, во една демократска држава е многу сериозно, да не речам поразително, истакна Дамева.

December 2, 2024 14:09
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Советот, поради, како што рече, немањето слух кај извршната и законодавната власт да се обезбеди брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери од власта.

-Кога нема слух за подобрување на состојбата во судството и истото е опструирано од власта и на разно разни начин и претседателот на Владата и политичарите од владејачката гарнитура, од собраниска говорница или преку прес службата изразуваат негативен став спрема Судскиот совет, спрема членови во Советот, но најпоразително од се е што изразуваат негативен став кон судиите, од кои поголемиот број навистина не го заслужуваат тоа, сметам дека единствено што ми останува е да го заштитам мојот личен интегритет и мирот и спокојството и мое и на моето семејство, поради што поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија, изјави Дамева.

Наводите кои од собраниска говорница ги изнесе претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за фалсификување на записници во Судскиот совет, Дамевска рече дека имаат за цел да биде нарушен угледот на Советот и во јавноста да биде прикажан дека не ја извршува совесно својата работа.

-Претседателот на Владата Христијан Мицкоски токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам, има некави кланови и се фалсификуваат записници. Воедно, во неколку наврати тој, како и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот совет, нивна поврзаност со одредени политичари од претходната власт и сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или пак членовите на Советот не ја извршуваме функцијата професионално, стручно, совесно и одговорно, а Судскиот совет, заедно со Советот на јавни обвинители беа посочени како тела кои треба да бидат распуштени. Дури, во телевизиско гостување истакна и дека на нашето место, на местото на постојаните членови на советите, треба да дојдат „нивни“ луѓе, претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија. И ова, во една демократска држава е многу сериозно, да не речам поразително, порача Дамева.

Советот за да го зачува угледот, вели, во неколку наврати не реагирал на изјавите од страна на политичари, кои како што рече, посочувале одредени судии во јавноста и толкувале правни ситуации.

-Судскиот совет во неколку наврати не реагираше кога од страна на политичари јавно се толкуваа судски одлуки и беа посочувани одредени судии, не затоа што се повлече и не сакаше да пркоси, туку за да го зачува угледот, а воедно и да ги заштити судиите од продолжување на споменување на нивното име и презиме во јавноста, да не даде шанса по секој демант или реакција на Советот, повторно да има обраќање од прес-службата на било која политичка партија, која не се согласува со судската одлука, рече Дамева.

Таа уште еднаш се осврна и на траењето на нејзиниот мандат.

-Ова го истакнувам поради сензитивноста на овој случај, инициран од поединци од Советот на кои не им одговара законското постапување и одлучување во Советот, ниту пак беа целосно посветени на активностите кои беа спроведени, а се резултат на макотрпната работа на мнозинството членови и вработените во Советот … Се одело дури и дотаму да се споделуваат информации од размислувања, ставови на членови истакнати на работен состанок, кое право е утврдено со закон. На тие работни состаноци и сега и во иднина се носеле и ќе се носат заклучоци за сите прашања за кои не треба да се одлучува на седница. Затоа, прашањето дали треба да се констатира престанок на мандатот на функцијата престедател не беше ставено како точка на дневен ред, бидејќи по истекот на мандатот, кое не е во конкретниот случај, како точка на дневен ред се става избор на претседател, рече Дамева.

Мандатот на функцијата претседател на Судскиот совет трае две години. Дамева беше разрешена во април минатата година откако сакаше да ја стави одговорноста на апелациониот судија Енвер Беџети на дневен ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми тогаш повика на гласање за нејзино разрешување, при што седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата. Таа поднесе тужба на одлуката за разрешување до Управниот суд и тој на 3 јануари таа одлука ја укина и ја врати Дамева на функцијата.

Дамева уште минатата недела изјави дека мандатот на претседателот на Судскиот совет е во траење од две години, согласно член 8 став 2 од Законот за Судскиот сове. Таа рече дека изненадуваат толкувањата за наводно продолжување на мандатот надвор од утврдениот законски период од две години, при постоење на неспорен факт дека постои прекин.

Извор, фото и видео: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ