Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја оцени руската спремност за директни преговори како „добар знак“.
„Ова е добар знак – што Русите конечно почнуваат да размислуваат за завршување на војната. Целиот свет одамна го очекуваше тоа. А првиот чекор кон вистински крај на која било војна е прекин на огнот“, оценува претседателот Зеленски.
Тој, како и многупати порано, го изнесе ставот дека е бесмислено да се продолжи со убиствата и го истакна очекувањето руските напади да престанат на 12 мај, по што Украина ќе биде подготвена за средба.
„Нема смисла да се продолжува со убиства дури ни еден ден повеќе. Очекуваме Русија да го потврди прекинот на огнот – целосен, траен и сигурен – почнувајќи од утре, 12 мај, и Украина е подготвена за средба“, изјави украинскиот претседател.
Изјавата на претседателот Зеленски ја цитира и амбасадорката на Украина, Лариса Дир во својата денешна објава на социјалните мрежи. Како и секогаш, амбасадорката го наведе и денот на одбројување од почетокот на целосната руска агресија против Украина: 1173.
Ден 1173. Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави: pic.twitter.com/pvDDkNOWpL
— Larysa Dir (@dir_larysa) May 11, 2025