Во рамките на Првиот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа кој што се одржува во Загреб, претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, му додели на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, Орден Јарослав Мудриот, информираат од прес службата на Собранието.
Особено сум почестен што, во име на претседателот на Украина и украинскиот народ, претседателот Стефанчук ми го додели Орденот Јарослав Мудриот за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот, напиша претседателот на Собранието, Талат Џафери на својот Фејсбук профил.
Орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, за значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот. Покрај претседателот Џафери, овој Орден за заслуги го добија и следниве претседатели на Парламенти: претседател на Бундестагот на Сојузна Република Германија – Бас, Маршал на Сејмот на Република Полска- Витек, Претседател на Стортингот -(Парламентот) на Кралството Норвешка- Гарахани, Маршал на Сенатот на Република Полска – Хроџки, Претседател на Сенатот на Парламентот на Ирска- Иреан, Претседател на Националниот совет на Федералното собрание на Швајцарската Конфедерација- Келин, Претседател на Сенатот на Француската Република- Ларше, Претседател на Саeима (Парламентот) на Република Латвија- Мурниесе, Претседател на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави- Пелоси, Претседател на Риигикогу (Парламентот) на Република Естонија- Ратас, Претседател на Сеимас (Парламентот) на Република Литванија, Чмилитје-Ниелсен, Претседател на Саборот (Парламентот) на Република Хрватска- Јандроковиќ.
М.Д.