• Latest
Фото: МИА Архива

Претстојниот Самит на НАТО и поддршката за Украина, главни теми на средбата на министрите за одбрана на Алијансата

June 13, 2024
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Претстојниот Самит на НАТО и поддршката за Украина, главни теми на средбата на министрите за одбрана на Алијансата

June 13, 2024 08:40
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Подготовките за Самитот на НАТО во Вашингтон со кој ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на Пактот и обезбедувањето предвидлива поддршка за Украина на долг рок, ќе бидат главни теми на дводневната средба на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата, што денеска започнува во Брисел. Земјава на состанокот ќе ја претставува заменик министерот за одбрана Тирон Јајага.

Средбата ќе започне со состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, по што попладне ќе се одржи заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на министри за одбрана.

Утре министерската средба продолжува со прво со Северноатлантскиот совет, а потоа и со состанок на Групата за нуклеарно планирање.

Во пресрет на средбата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа изјави дека таа се одржува во критично време за Украина и за безбедност со сојузниците и во услови кога се увиде дека доцнењето во обезбедувањето воена помош за украинските сили имаше последици на бојното поле.

– На овој состанок на министрите за одбрана ќе ја зајакнеме нашата поддршка за Украина, ќе ја зајакнеме нашата одбрана и ќе испратиме силна порака за одвраќање до нашите противници, изјави Столтенберг.

Тој нагласи дека очекува министрите да го одобрат планот според кој НАТО ќе раководи со координација на безбедносната помош и обука за Украина.

– Ова е клучен елемент за нашиот пакет за Украина, заедно со долгорочна финансиска обврска, истакна Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Сирија и Русија веднаш да ги прекинат воздушните напади на Идлиб и целосно да ги почитуваат своите меѓународни обврски.

Првиот човек на НАТО го поздрави американскиот пакет од 60 милијарди долари помош за Украина, како и ветената поддршка Шведска, Шпанија и Белгија во вредност од милијарда евра, која вклучува 30 ловци Ф-16 и авиони за рано предупредување, понудата на Германија за испраќање дополнителна батерија ракети „Патриот“, како и ветувањето на Италија за доставување уште еден антиракетен систем САМП/Т.

– Од почетокот на целосната инвазија на Русија во 2022 година, сојузниците секоја година обезбедуваат по 40 милијарди евра воена поддршка за Украина. Мора да го одржиме ова ниво на поддршка како минимално, онолку долго колку што е потребно, додаде Столтенберг.

Тој потсети дека од 2014 година, НАТО го спроведе најголемото засилување на колективната одбрана во една генерација, ги постави најсеопфатните одбранбени планови од крајот на Студената војна, а трошоците за одбраната се движат по нагорна траекторија.

Столтенберг најави дека средбата ќе се подготви план за воени набавки кој би требало на биде одобрен на Самитот во Вашингтон, со што ќе се зголеми военото производство на одбранбената индустрија и ќе се задоволат потребите на НАТО согласно новите одбранбени планови.

– Министрите ќе разговараат и за засилената руска кампања на непријателски активности низ земјите на НАТО, кои се состојат во саботажи, акти на насилство, кибер напади и ширење дезинформации. Сојузниците преземаат решителни мерки – апсења и правни постапки. Колективно ја засилуваме заштитата на критичната инфраструктура, како и размената на информации и разузнавачки податоци. Акциите на Русија нема да не спречат да ја поддржуваме Украина, истакна Столтенберг.

Тој најави и дека на состанокот на Групата за нуклеарно планирање ќе стане збор за тековното прилагодување на нуклеарните капацитети на актуелното безбедносно опкружување.

– Постигнавме значителен напредок во оваа адаптација. Во јуни, Холандија соопшти дека првите борбени авиони Ф-35 се подготвени за нуклеарната мисија на НАТО, а САД го модернизираат своето нуклеарно оружје во Европа. Како што се појавуваат предизвиците, нуклеарната мисија на НАТО останува иста: да го зачува мирот, да спречи принуда и да ја одврати агресијата, потенцира Столтенберг.

Tags: НАТОУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ