Министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорката на Педагошката служба Вања Велева денеска ќе информираат за измените на содржината, како и набавката и дистрибуцијата на учебниците кои ќе се применуваат во основните и средните училишта во земјата од учебната 2018/2019 година. Претходно, ќе биде организирана средба со претставници на издавачки куќи, автори, како и членови на комисии и претставници на здруженија на наставници кои учествуваа во креирањето на измените во учебниците. (МИА)