Институтот за човекови права (ИЧП), во соработка со Судскиот совет на РСМ, денеска ќе презентира активности, постигнувања и предизвици од работата на Советот.
-Ќе бидат презентирани главните наоди, проблеми и препораки кои ги има детектирано Институтот за човекови права преку мониторинг на работата на Судскиот совет во 2019 година.За работата и проблемите со кои се соочува Судскиот совет ќе говорат Киро Здравев, претседател на Судскиот совет на РСМ и Маргарита Цаца Николовска, претседателка на ИЧП, најави Институтот за човекови права.
Настанот е дел од проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.
извор: МИА