Испоровоцирани од политичката состојба во Македонија, а во пресрет на изборите во април, со цел – спречување на нови манипулации со Избирачкиот список, организаторите од иницијативата „Заслужуваме подобро“, денеска на Скверот Јадран, симболично вселија „50 човечиња во 40 метри квадратни“.
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=rUgroRO2E_g[/youtube]
На „адресата“ – улица „Масим Ѓорѓија“ бб, педесетина активисти од невладиниот сектор , граѓанки и граѓани, илустративно покажаа како изгледа да се живее во услови, кои со бројки ги прикажува Избирачкиот список. По удобното сместување на „жителите“ во нивниот стан од 40 метри квадратни, за да ја почувствуваат изборната атмосфера која предизборно ја доживуваат „фантомските“ гласачи, тие излегоа двајца по двајца на гласање, а за таа цел – добија и по неколку лични карти.
Организаторите на перформансот, водени од потребата да се објасни како реално изгледа интервенцијата во Избирачкиот список, како се искористуваат жителите на Пустец и како власта во континуитет се поигрува со здравиот разум на граѓанките и граѓаните, порачаа да не се дозволат избори на 24 април, сé додека вистински не се прочисти и ажурира Избирачкиот список.
На крај, учесниците упатија апели – до Специјалното Јавно обвинителство, да продолжи со борбата за законска разврска на сите криминални случувања, и до надлежните судови, да го спроведуват законот крајно професионално и непристрасно.
Биљана Јордановска