• Latest

Преговорите продолжуваат, Заев најавува нова влада во март

February 23, 2017

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Преговорите продолжуваат, Заев најавува нова влада во март

February 23, 2017 14:57
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако по синоќешната седница на Централното претседателство на ДУИ донесе одлука да го овласти лидерот на партијата Али Ахмети за потписите – со кои СДСМ треба да го добие мандатот, денеска потпаролот на партијата, Бујар Османи изјави дека остануваат и други прашања до конечната одлука.

„Од утре продолжуваме со дебатата во Претседателството, се разбира, претседателот Ахмети има и статутарно право, доколку одлучи да даде поддршка, тоа може да го направи и без да го свика претседателството, бидејќи има таква согласност“, рече Османи.

Од СДСМ, пак, денеска повторуваат дека очекуваат ДУИ да им ги даде потписите, за претседателот на партијата Зоран Заев да го добие мандатот за нова влада.

„Синоќа знам дека раководството на ДУИ донесе одлука да ги обезбедат потписите и да ги дадат, поради тоа што како второрангирана партија бевме условени од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да обезбедиме потписи за да ни биде даден мандатот, а по нашиот Устав тој треба да го даде веднаш мандатот. Сега се веќе обезбедени потписите за давањето на мандатот, јас верувам дека остануваат мал дел од преговорите околу формирањето на Влада, заради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната Владина програма, Платформата на социјалдемократите, Платформата на албанските политички партии, Законот за употреба на јазиците… се усогласени. Тоа беа суштествените работи, останува да седнеме со претседателите на другите партии да се договориме за ресорите, за кадрите во делот на владата, и верувам дека за некои 10-15 дена Македонија ќе има нова влада, предводена од социјалдемократите“, изјави Зоран Заев на прес-конференција во Сараево, по повод доделувањето на наградата за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа.

Османи истакна дека со СДСМ во овој период одржале повеќе работни средби на кои разговарале за сите прашања.

„Главен столб на тие разговори беше услогласувањето по текстот на Законот за употреба на јазиците. Досега работните групи работеа по текстот што го сработи ДУИ, во соработка со другите партии од Платформата и по давање мислења, усогласување, надминување на евентуални разлики, вчера Претседателството го усвои текстот на тој Закон којшто ние го предложивме до СДСМ, како текст за заедничко услогласување, со цел усвојување во Собрание“, изјави Османи, дополнувајќи дека е завршена една важна фаза од процесот.

Тој истакна дека воопшто не се разговарало  за менување на Уставот и на химната и знамето.

„Не стана збор за прашања што бараат промена на Уставот. Вакви прашања ги надминуваат односите помеѓу две партии. За тоа мора да има дијалог меѓу заедниците“, рече Османи.

Tags: ДУИЗаевЗакон за употреба на јазицитенова владаодлукаОсманиплатформаСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ