При извршена контрола на автобус на туристичка агенција кој патува на релација од Северна Македонија кон Германија, од страна на полициски службеници од СВР Куманово-Одделение за криминалистичка полиција-Отсек за економски криминалитет, од вкупно 50 патници кои се превезувале, кај 19 од нив откриени се 19 фалсификувани ПЦР тестови.
По извршени проверки на тестовите било констатирано дека станува збор за фалсификувани тестови, кои биле набавени од едно лице од Струмица, по цена од 1.000 денари по тест. По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.