• Latest

Придобивки од Договорот за Фронтекс: Намалена илегална миграција за 50 проценти

March 11, 2024
Фото: Х

Полскиот министер за надворешни работи му порача на Илон Маск: „Оди на Марс“

December 7, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот во Вилнус повторно ги прекина летовите по појавата на белоруски балони, трет пат оваа недела 

December 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Во пожар во ноќен клуб во Гоа загинаа 25 лица

December 7, 2025

ЦИВИЛ: Демократијата преживува само кога активно се брани

December 6, 2025

Мигрантски кампови повторно на политичката сцена – дали Мицкоски ја продава Северна Македонија за пари?

December 6, 2025
Фото: ВИ

Чучуљ најавува „немилосрдно“ следење на корупцијата кај власта и опозицијата

December 6, 2025

Нова бомба на СДСМ: Семејна фирма на Томовски „чисти“ 5,5 милиони евра од буџетот!

December 6, 2025

КФОР ги зголемува патролите низ Косово

December 6, 2025
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Конгрес без дилеми: Мицкоски сам во трка за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

December 6, 2025

(ЕКСКЛУЗИВНО) Стево Пендаровски (3): Безмилосно остра дијагноза за безбедноста, одбраната, капацитетите, политичката волја и правецот на државата

December 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Придобивки од Договорот за Фронтекс: Намалена илегална миграција за 50 проценти

March 11, 2024 12:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска во Прифатниот центар Винојуг во Гевгелија присуствуваше на Координативниот состанок во организација на раководството на Регионалниот центар „Југ“ со претставници од сите релевантни државни институции, меѓународни организации и невладини организации присутни чинители во Привремениот транзитен центар како дел од националната компонента во справувањето со мешаните миграциски движења, соопшти МВР.

-Целта на состанокот беше последниот позитивен извештај на Народниот Правобранител како резултат на меѓусебното координирано и хармонизирано постапување на овие институции со  илегалните мигранти во кампот Винојуг Гевгелија. Овој позитивен извештај е плод на сите заедничките вложувања и на несебичната поддршка на сите чинители во овој процес, соработка која и понатаму не само што ќе се одржува туку и ќе се продлабочува. Во последниот позитивен извештај отстранети се сите забелешки кои беа детектирани во изминатиот период, а заслугата е заедничка, се наведува во соопштението.

Во обраќањето дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев изјавил дека она што ја одбележало измината година во поглед на унапредување на граничното управување била ратификацијата и операционализацијата на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража, потпишан со еврокомесарката Јохансон.

-Договорот за Фронтекс овозможува конкретна поддршка на терен за зачувување на безбедноста на границите. Европската Унија на овој договор гледа и како на конкретен чекор во зачувување на безбедноста на Унијата, бидејќи заштитата на македонските граници од мигрантските текови, нелегалната миграција и од прекуграничниот криминал значи заштита на границите на ЕУ. Со неговото влегување во сила се овозможи, на наше барање, да се распоредат полициски службеници на ФРОНТЕКС на критичните точки на границата, заедно со нашите полициските службеници, што придонесува кон зголемување на нивото на соработка, размена на искуства и знаење, како и можност да се користи целата опрема на Фронтекс”, истакнал Бојмацалиев.

Притоа, тој, како што се наведува во соопштението, сподели статистика во однос на откриени илегални мигранти и баратели на азил реализирани од страна на полициските службеници на ниво на МВР вклучувајќи ги овде сите Регионални центри во земјава компаративно со постигнатите резултати на ниво на Регионалниот центар Југ.

-Според официјалната статистика на МВР, ако во 2023 година беа спречени 13.954 обиди за влез на илегални мигранти на ниво на сите Регионални центри, само на ниво на Регионалниот центар Југ таа бројка изнесуваше 12.265 спречени обиди за влез на илегални мигрант. За период од два месеци во 2024 година на ниво на МВР таа бројка изнесува 1596 спречени обиди за влез, само на РЦ Југ беа спречени 1057 обиди за влез на илегални мигранти. Компаративно на ова во 2022 година на ниво на МВР беа спречени 27.394 илегални обиди за влез , а само на ниво на РЦ Југ таа бројка изнесуваше 23.451. Овие бројки покажуваат намалување на илегалната миграција за 50% за што најголема заслуга имаат полициските службеници и раководството на РЦ Југ и во оваа прилика им упатувам честитки за постигнатите резултати бидејќи, ова не се само обични бројки, напротив ова се преземени заеднички активности во кои е вложен многу труд, посветеност, а пред се професионалност и многу хуманост за што изразувам особена почит и благодарност и до сите институции, меѓународни организации и чинители вклучени во овој процес, потенцирал тој.

Бојмацалиев информирал и за баратели на азил во 2024 и притоа нагласил дека во делот на баратели на азил во 2023 година на ниво на МВР таа бројка изнесувала 604 лица, а во Прифатниот центар Винојуг имало 202 лица. – Во истиот период првите два месеци од 2024 година на ниво на МВР изнесува 36 лица а во Прифатниот центар Винојуг имаме 24 лица, изјавил Бојмацалиев.

Тој, како што наведува МВР, упатил благодарност до Европската Унија за континуираната помош која што ја добива Министерството за внатрешни работи преку регионалните ИПА проекти, со уверување дека и во периодот што следи со исклучителна посветеност ќе се работи кон операционализирање на Мастер планот изработен од Фронтекс, како еден од нашите стратешки приоритети кон доближување кон европските и меѓународните стандарди во оваа област. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • ЕКСКЛУЗИВНО — Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ