Categories

СТРУГА Привршуваат подготовките за 57. Струшки вечери на поезијата

Привршуваат последните подготовки за 57. Струшки вечери на поезијата што ќе се одржат од 22 до 27 август во Струга.

Деталите околу годинашното издание, Дирекцијата на СВП ќе ги соопшти денеска на прес-конференција.

Манифестацијата ќе почне наредната среда претпладне со садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на највисокото признание „Златен венец“, за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски. Официјалното отворање е вечерта со палење на фестивалскиот оган и традиционалното читање на Константиновата Т’га за југ пред Домот на поезијата. Потоа следува Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

Престижната награда „Златен венец“ на Загајевски ќе му биде врачена на затворањето на фестивалот, на традиционалното поетско читање „Мостови“, кога ќе бидат доделени и наградите „Мостови на Струга“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобра дебитантска книга, а годинашниот добитник е Паули Тапио од Финска, како и „Браќа Миладиновци“ чиј добитник треба да биде објавен во текот на фестивалското издание.

Дел од манифестацијата се и поетските читања, поезијата на пат, симпозиуми, омажи, ноќите без интерпункција… (МИА)

Print Friendly, PDF & Email