• Latest

Проблемите и потребите на младите немаат етничка припадност

April 20, 2022

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Проблемите и потребите на младите немаат етничка припадност

April 20, 2022 15:54
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Проблемите и потребите на младите немаат етничка припадност, бидејќи сите млади се соочуваат со истите проблеми. Младите треба да градат мостови наместо ѕидови и да ја промовираат мултикултурата во нашето општество, како и заеднички да се борат против говорот на омраза на социјалните мрежи, сегрегацијата во училиште итн., беше истакнато на денешната панел дискусија на ЦИВИЛ на тема „Европските вредности кај младите: Правци и беспаќа“, на кој се зборуваше за младите и европските вредности, еднаквата основа за развој во различни сфери и аспекти, како што е застапувањето, образованието, вработувањата, актуелните потреби на младите и нивно вклучување во процесите на креирање политики, како и наодите од имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики…

Учесници на панелот беа Бленди Ходаи, поранешен претседател на Сојуз на средношколци, Веса Синани, средношколшка и активистка и Мустафа Јакупов, од „РеРома“ од Кратово.

Бленди Ходаи вели дека покрај тоа што на наставниците им е навистина потребна поголема плата, на учениците им е потребно квалитетно образование.

„Се разбира дека правото на образование е уставно право, и право од човековите права на Обединетите нации, но треба да се разберат и потребите на наставниците и професорите затоа што платите на професорите во Македонија се најниските во регионот. И очигледно е дека тие имаат право на револт и  да бараат повисоки плати, што ќе им обезбеди подобро вршење на работата. Но, исто така е важно учениците да не губат од наставата и од предавањата. Тоа што сакам да посочам дополнително за протестот од страна на наставниот кадар е тоа што, за жал, ако гледаме во изминатите години, и до ден денеска, СОНК како  работеше, е тоа што секогаш протестираат за повисоки плати, тие никогаш не протестираат за повисок квалитет во образованието. Ние треба да разговараме, заедно со младите, да се бориме за поквалитетен образовен систем, а не само за повисоки плати, затоа што е важно какви кадри ќе излезат од основното и од средното образование, кои ќе се вклучат во високото образование. Тука треба да бидат вклучени сите актери, од ученици до наставници, за потоа да има поквалитетен кадар кој е потребен на пазарот на трудот, посочи Ходаи.

Веса Синани, средношколка и активистка

„Мислам дека моменталните протести многу лошо влијаат кај младите бидејќи немаме никаква поддршка од професорите за ние гимназијалците кои сме во четврта година и ќе имаме матурски испит, а немаме време да учиме и да се подготвиме за нив. Ние младите најмногу настрадавме во ситуацијата со Ковид-19, а веќе и две недели не сме во училиште и тоа влијае многу лошо на нас. Мислам дека професорите треба да се борат за поефикасно образование и да ни помогнат за градење на подобра иднина“, изјави Веса Синани, на прашањето за протестите на СОНК.

Мустафа Јакупов, од РеРома

Работиме на подобрување на младинските политики кај младата ромска популација за учество во креирање на истите политики што ги засегаат нив. Во моментот имаме и студиска сесија во Будимпешта заедно со Националниот младински совет. Цела година, исто така, работевме на следење на говорот на омраза кон ромската заедница на социјалните мрежи и имавме пет врснички едукатори коишто покрај мониторинг и репортирање на говорот на омраза  вршеа и едукација на млади, односно што е говорот на омраза, што е „антициганизмот“ и како се манифестира во нашето општество. Заклучокот е дека има пораст на говор на омраза. Можеби и поделбата на наши и ваши, про Русија, про Украина, на Роми и не-Роми…, но тоа што конкретно го работевме е креирање на дата база, следевме дел од случаите кои понатаму ќе бидат процесуирани до соодветните институции. Она што можам да го заклучам иако постои во законската регулатива казнување за говор на омраза и ширењето на истата, праксата сѐ уште е слабо развиена“, изјави Јакупов.

Синани имала желба да замине во странство мисјелќи дека таму ќе има подобри услови, но по разговор со татко и се предомислила.

Многу сакав да одам некаде во странство, но имав една дискусија со татко ми  и тој ми рече дека тука имам повеќе можности. Како млада девојка треба да останам тука и да работам за другите млади. Сакам да студирам медицина на УКИМ и мислам дека е тоа една добра можност да покажам дека и тука може да се постигне нешто. Знам дека младите немаат големи можности тука, но оние што ги имаме треба да ги искористиме и да ги вреднуваме, објасни Синани.

Јакупов зборуваше и за причините зошто младите сакаат да учат во странство.

Проблемите на младите во Македонија генерално се исти, но социјалниот контекст во кој се туркаат одредени млади, допринесува да се размислува да се напушти државата. Ако ги немаат егзистенцијаните и социјалните услови тогаш зошто би живееле во ваква држава. Има и други причини, партиското вработување на пример  или да речеме стандардите поврзани со здравство, квалитетното образование на младите. На пример, зборуваме за инклузивно образование, а сѐ уште ромските деца се последните во клупите, уште се гледа на нив како да имаат посебни потреби, дека се гласни, зависни, ги сместуваме во специјални училишта итн. Инклузивното образование треба да е инклузивно за сите, а тоа значи дека професорите треба да се инклузивни, вели Јакупов.

Панелот беше дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Биљана Јордановска 
Диана Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ