• Latest

Продолжува протестот пред Кривичниот суд во Скопје

November 28, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжува протестот пред Кривичниот суд во Скопје

November 28, 2017 23:07
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред Кривичниот суд Скопје сѐ уште трае протестот на приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ, против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава. Протестот почна претпладнето на повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој прво на својот Фејсбук профил, а потоа и на прес-конференција, ги повика „сите граѓани кои не се согласуваат со антидржавната политика на СДС да излезат на протест пред Основниот суд Скопје“.

На протестот се обратија актуелни и поранешни пратеници, членови на опозициската партија, кои повикаа за итно ослободување на приведените лица.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој и самиот попладнево присуствуваше на протестот, оцени дека приведувањето на лицата за насилствата во Собранието на 27 април е политички прогон и побара нивно итно ослободување.

На протестот присуствуваа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицковски, поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, Соња Тарчуловска, сопругата на пратеникот Јохан Тарчуловски, актерот Тони Михајловски и поранешниот директор на Архивот на Македонија Филип Петровски.

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и уште 35 лица, меѓу кои пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов утрово се приведени по налог на Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните во Собранието на 27 април годинава.

 


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДОМНЕЖаклина ПешевскаКривичен СудКрсто МукоскиЉубен АрнаудовНикола ГруевскиПротестСашо Василевски
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result