• Latest

Продолжуваат дезинформациите дека Кастриот Реџепи бил „киднапиран“

November 18, 2021
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Продолжуваат дезинформациите дека Кастриот Реџепи бил „киднапиран“

November 18, 2021 15:19
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Како што најави, пратеникот Кастриот Реџепи од БЕСА, во понеделникот на 15 номеври се појави на прес конференција за да ги објасни причините за неговото отсуство од собраниската седница на 11 ноември, на која требаше да се гласа за недоверба на Владата. Но, и покрај неколкукратните деманти од негова страна и пред и по 11 ноември, дезинформациите за негово наводно киднапирање продолжија.

На прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на 15 ноември по 12.45 часот, портпаролот Арсовски изнесе тврдење во кое се обвинува премиерот Заев. „Киднапираше пратеник за да не гласа против неговата Влада како во најмафијашките филмови и молчи 4 дена како да тоа е најнормално.“, изјави Арсовски.

Ова трврдење на Арсовски дојде еден час по 11.45 часот, кога пратеникот Реџепи одржа прес-конференција во Собранието , на која образложи зошто се потпишал на иницијативата за гласање на недоверба на владата, а потоа не гласал за неа. И покрај тоа што Реџепи самиот и пред и по 11 ноември повеќекратно демантираше, дезинформациите од пресот на ВМРО-ДПМНЕ за негово наводно киднапирање повторно беа објавени од неколку медиуми.

Таков е примерот со текстот на Курир со наслов. „Арсовски: Измамник и пазарџија како Заев ниту имало, ниту ќе има“. Сличен наслов кој ги пренесува дезинформациите на Арсовски објави и порталот Макфакс: „(Видео) Арсовски: Измамник и пазарџија како Заев ниту имало, ниту ќе има“. И порталот Прес24 со наслов Каде ќе оди ВМРО-ДПМНЕ?,  ја пренесува изјавата на Арсовски, кој му порача на премиерот Заев час поскоро да си замине,

„Киднапираше пратеник за да не гласа против неговата Влада како во најмафијашките филмови и молчи 4 дена како да тоа е најнормално. Срам нула“, се вели во изјавата на Арсовски пренесена од Прес 24.

И насловите „Кастриот е уценет човек“  на Инфомакс,  како и текстот со наслов „Вака изгледа уценет човек“ на „Република“ пренесуваат тврдења на ВМРО-ДПМНЕ кои не се атрибуирани во насловот, а се продолжување на лавината дезинформации дека Реџепи бил „киднапиран“.

И лидерот и претеник на Левица, Апасиев продолжи да шири дезинформации за киднапирање на Реџепи.

„Киднапиранион Кастриот безочно ЛАЖЕ дека не знаел дека и Левица ќе биде на списокот. Јас сум потпишан 58-ми, а он три места подоле – 61-ви, на истиот лист! Слеп да не беше бе, уценето пратениче?“, вели меѓу другото Апасиев во Фесјбук статусот објавен вечерта на 15 ноември, кој исто така го пренесоа неколку медиуми

И по утврдување на неточноста на информациите за киднапирање, најголем дел од медиумите не објавија исправка, ниту се извинија за ширењето сериозни дезинформации во јавноста.

Уцената, грабнувањето и земањето заложници се сериозни кривични дела, затоа медиумите не треба да објавуваат непроверени информации без да изнесат цврсти докази. Објавувањето шпекулации за киднапирање или уценување на пратеник е сериозно кршење на Кодексот на новинарите, кој вели дека „новинарот треба да објавува точни, проверени информации“, како и дека „Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, демант и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ