• Latest

Продолжуваат судењата за нападот врз Села и за „Труст“

February 20, 2018

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Продолжуваат судењата за нападот врз Села и за „Труст“

February 20, 2018 07:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По сведочењето на пратеникот и лидер на Алјансата за Албанците Зијадин Села за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година денеска во Кривичниот суд треба да го продолжи судењето на обвинетите за обидот за негово убиство.

Села вчера даде исказ за случувањата во Собранието. Кажа дека во прес-салата бил удрен со монитор и со копје од знаме и оти слушал закани упатени кон него дека ќе биде убиен.

Во еден момент бил нападнат од лица од толпата кои го фатиле за глава и го удирале со тупаници, по што изгубил свест. Последно на што се сеќава е дека паднал на колена, по што почнале да го удираат по главата и телото. Се освестил по два часа во канцеларијата во Собранието, каде што дошла полицијата и итна медицинска помош. Полицајците го маскирале во повреден полицаец и го одвеле во болница. Во ходникот го сретнал тогашниот министер за здравство Никола Тодоров кој рекол дека треба да биде пренесен во Градска болница, на што се спротиставил докторот кој инсистирал Села да биде пренесен на КАРИЛ. Таму, лекарите констатирале дека бил во животна опасност и имал хеморагија. Како последица на претрпеното на 27 април, Села рече дека и денес прима терапија за болки и за слабо помнење. Се присети и дека за време на настаните на 27 април во прес-салата имало некоја новинарка која го снимала и не му дозволила да излезе, упатувајќи му закани. Новинарката, како што рече, разговарала со некој со фантомка.

На претходното рочиште адвокатот на Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.

Во овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

Во Кривичниот суд треба да се одржи ново рочиште за предметот на СЈО „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на електрани на Македонија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Труст“27 априлКривичен СуднападСела
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ