МКЦ Скопје упати отворен повик до сите локални музичари и визуелни уметници на возраст од 18 до 30 години, полупрофесионалци или професионалци, со напредно ниво на англиски јазик, отворени за работа според мултидисциплинарни и импровизациски методи, достапни за патување во периодот од октомври 2018 – октомври 2019 година во одредени временски рамки (месечни резиденцијални престои во Белгија, Франција, Словенија) како и турнеја низ споменатите партнерски земји во рамки на проектот CON-FRONT.
CON-FRONT има за цел да ја покрене свеста за заедничкото европско наследство од Првата светска војна преку уникатна меѓународна соработка помеѓу концертни простори и партнери од областа на наследството. Партнерството поаѓа од Белгија, кон Франција и Словенија, до Република Македонија, поврзувајќи голем дел од различните континентални воени фронтови, додека организациски партнери се МКЦ (Скопје, Македонија), Le Grand Mix (Tourcoing – Франција), 4AD (Diksmuide – Белгија) и Walk of Peace Foundation (Kobarid – Словенија).
Проектот е поддржан од програмата Creative Europe во рамките на Европската година на културно наследство 2018.