• Latest
Фото: Фронтлајн

Проф. Селими: Зголемувањето на ДДВ-то e чувствително и сложено прашање за економијата на државата

December 14, 2024
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Проф. Селими: Зголемувањето на ДДВ-то e чувствително и сложено прашање за економијата на државата

December 14, 2024 12:01
in ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, СТАВОВИ
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Бизнис заедницата бара данокот на додадена вредност од сегашните 18 отсто, да се зголеми на 19,5 отсто, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

– Имаше сега на седницата на Економско – социјалниот совет, да речеме предлог да се зголеми ДДВ – то од страна на бизнис заедницата. Да не биде 18 туку да биде 19,5 проценти. Секакви идеи има. Ние треба да ги ставиме сите аргументи на маса, да направиме една жестока анализа, да видиме што добиваме, што губиме и дури потоа да носиме одлуки, изјави премиерот.

Дали ова беше само вовед, увертира, некакво владино оправдување, основа за владата да има алиби да го предложи ова?

Насир Селими – професор на факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа вели дека зголемувањето на ДДВ е многу чувствително и доста сложено прашање за економијата на една земја.

– Од една страна, зголемувањето на стапката на ДДВ е точно дека негативно влијае на животниот стандард на потрошувачите, бидејќи стоките и услугите поскапуваат за купувачите и тоа автоматски влијае на намалувањето на благосостојбата на граѓаните на земјата и нивните осиромашување. Но, доколку буџетските приходи не ја покриваат другата страна на државниот буџет, тогаш многу економски активности и други планирани проекти остануваат нереализирани или доколку се реализираат се зголемува буџетскиот дефицит, што не е здраво за економијата на државата, изјави Селими за „Фронтлајн“.

Според него, економијата на Северна Македонија е соочена со голема сума на финансиски трансфери и голема сума се користи за пензискиот фонд.

– Речиси секоја буџетска година, на фондот му недостига 1/3 од сумата за редовна исплата на пензионерите, која се уште е прилично ниска. За да се подобри оваа состојба, во иднина треба да се зголеми реализацијата на капиталните проекти, да се отворат нови работни места, со цел да се зголеми вкупната вредност на БДП на државата. Кај нас ништо или многу малку се случило. Создавањето поголема производна вредност и зголемувањето на услугите ќе го ублажат овој проблем. Треба да се внимава и на инклузивниот принцип, што значи да се има објективен даночен систем и да се вклучат сите бизниси кои функционираат во економијата на државата – да не е селективен данокот, да бидеме пообјективни во оданочувањето на фирмите, а да внимаваат да не им се „одземе здивот“ на претпријатијата кои едвај функционираат, особено на малите и средните претпријатија, анализира професорот.

Данокот на додадена вредност се пресметува и се плаќа во сите фази на производството и трговија, како и во целокупниот услужен секотор.

Миле Бошков од Бизнис заедницата излезе со предлог ДДВ-то да се зголеми од 18 на 19,5% со цел овие пари да им се дадат на општините, да се зголеми стандардот на живеење во општините. Но, Мицкоски засега не го прифаќа предлогот.

Извор: Фронтлајн / Дестан Јонузи

Tags: зголемување на ДДВ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ