Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за денеска во 12:30 часот има закажано седница со една точка на дневен ред – Предлог за избор на судија на Уставниот суд.
Според објавеното на веб страницата на Собранието, за судија на Уставниот суд е предложена Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје..
Овој предлог доаѓа откако Владата се откажа од поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Неговата кандидатура беше ефикасно спречена од опозицијата со бескрајни дискусии и постојани продолжувања и одложувања на седниците