• Latest
Протест на движењето Ајде! во февруари, 2015 година.

Програмски совет на МРТВ… Фатени живи и осуетени

January 20, 2021

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Програмски совет на МРТВ… Фатени живи и осуетени

January 20, 2021 21:19
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Протест на движењето Ајде! во февруари, 2015 година.

Протест на движењето Ајде! во февруари, 2015 година.

Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Како беше она келнерското? АПП… Ако пројде, пројде. Така и Програмскиот совет на МРТВ. Тргнаа да го менуваат директорот на МРТВ, иако доаѓа од редовите на партијата која има доминантно влијание во ова тело, за да постават уште попослушен, по нивниот вкус.

Да се потсетиме (не дека не пишувавме веќе), Програмскиот совет реши да распише конкурс за нов директор и заменик-директор на МРТВ. Целта беше да се казни сегашниот директор, Марјан Цветковски, поради недоволна партиска агилност, а воедно и да си обезбедат директор со мандат кој ќе биде тешко да се прекине и со следниот состав на Програмскиот совет на МРТВ. Со еден удар, две муви.

Треба да се забележи дека ваквото самоволно дејствување на Програмскиот совет на МРТВ, освен партиската мотивација, е овозможена и поради неажурноста на парламентот. Таму, во бирократските коридори, заглави процедурата за избор на нов состав на управниот одбор на градинката Весела телевизија, пардон, на националната радиотелевизија. Ни прво, ни последно… А МВРО, пак, си ја знае „работата“, ја користи секоја дупка, за да посади некој свој интерес.

За среќа, екипата на 360 степени заврши одлична работа, ги откри намерите и ја алармира јавноста за противзаконската постапка. Прво, „360 степени“ ја објави веста и изјавата на универзитетскиот професор Борче Давитковски. Професорот по управно право веднаш ја дисквалификува постапката како незаконска, затоа што со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги им е продолжен мандатот на директорот и заменик-директорот на МРТ до изборот на нов Програмски совет.

Можно ли е, навистина, иницијаторите на постапката да не знаеле дека кршат закон? Излишно прашање, бидејќи во случајов не се работи за познавање на законите, туку за обид да се задржи контролата врз јавниот сервис по секоја цена. Законите во тој контекст постојат само да се заобиколат и изиграат.

Како и да е, допрва ќе биде тешко да се состави Програмски совет во црната висококатница, затоа што за тоа е потребно двотретинско парламентарно мнозинство. Но за сега, благодарение на реакцијата во јавноста, поттикната од 360 степени, Програмскиот совет се откажа од скандалозните намери. Со други зборови, фатени живи и осуетени. Барем за сега, МРТВ останува поштедено од дополнителна партизација.

Сега, откако се осуетени, тие што се обидоа да извршат политичка диверзија во МРТВ треба да си поднесат оставка. Од пристојност, ако не поради друго.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ