• Latest
Протест на движењето Ајде! во февруари, 2015 година.

Програмскиот совет на МРТ да функционира одвоено од власта и центрите на моќ

November 16, 2017
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Програмскиот совет на МРТ да функционира одвоено од власта и центрите на моќ

November 16, 2017 12:37
in ОПШТЕСТВО
Протест на движењето Ајде! во февруари, 2015 година.

Протест на движењето Ајде! во февруари, 2015 година.

Share on FacebookShare on Twitter

Иако има широки надлежности и може да придонесе за програмската независност, квалитет и одговорност на јавниот сервис пред јавноста, Програмскиот совет на МРТ функционира како продолжена рака на државниот апарат.

Главната причина за ваквата состојба е несоодветниот состав на телото во кое доминира членство блиско до владејачката структура од периодот на неговото формирање. Тоа е резултат на несоодветното законско решение во однос на сегашниот модел со конкретни овластени предлагачи, кои во најголем дел се државни органи или институции под нивна контрола.

Ова е еден од заклучоците во компаративната анализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на Македонија, Хрватска и Словенија, што денеска се промовира и во чии рамки ќе биде отворена јавна дебата на тема „Деполитизација на Програмскиот совет на МРТ – предуслов за независност на јавниот сервис“.

Според анализата, јавниот радиодифузен сервис може да биде вистински независен само ако функционира одвоено од власта и центрите на моќ, додека истовремено е предмет на ефективен надзор од внатрешните управни тела заштитени од политичко влијание.

„Не е едноставно да се дизајнираат ефикасни заштитни мерки за оневозможување на притисоците врз јавниот сервис и спречување поголемиот дел од позициите во Програмскиот совет да бидат пополнети со кадри подобни за власта или за доминантните политички партии. Сепак, постојат правни процедурални заштитни мерки кои може да придонесат за избалансиран и плуралистички состав на Советот“, стои во анализата.

Се препорачува Министерството за информатичко општество и администрација да отвори јавна расправа за темелно реформирање на МРТ, што, меѓудругото, би подразбирало и напуштање на постојниот концепт на овластени предлагачи на кандидати за членови на Програмскиот совет, односно нивниот избор да се врши преку јавен конкурс.

„Сите засегнати страни, надлежното министерство, медиумскиот регулатор, граѓанскиот сектор, медиумските експерти, претставниците на академските кругови и медиумската индустрија, вклучително и МРТ да отворат дебата околу можноста Собранието на Република Македонија да не ги именува сите, туку дел од членовите на Програмскиот совет на јавниот сервис и тоа со две третини мнозинство, како и да се разгледа можноста за директен влез на претставници во Програмскиот совет“, е исто така една од препораките.

На дебатата присуствуваат министерот без ресор Роберт Поповски, претседателката на Програмскиот совет на МРТ, Снежана Клинчаровa, Бранкица Петковиќ, претставник од Програмскиот совет на РТВ Словенија, и поранешната претседателка на регулаторното тело на Хрватска и поранешна директорка и уредничка на ХРТ Мирјана Ракиќ.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: властмедиумски слободиМРТцентри на моќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ