Како дел од проектот „Нурни во социјалното претприемаштво”, Младинскиот сојуз од Крушево, најавуваат тренинг курс што ќе се одржи во Лерин, во Грција, од 17 до 25 март.
Како што изјави за ЦИВИЛ Медиа, активистот Сотир Габелоски, од Младинскиот сојуз, главната цел на тренинг-курсот е „да ги развие способностите кај младинските работници и лидери да реализираат активности со кои би им овозможиле на младите луѓе способности за развој на нивно сопствено социјално претпријатие“.
Досега, во рамките на овој проект, се одржа иницијалниот состанок во текот на декември 2016 во Скопје и семинарот во Иаши, Романија минатиот месец.
„Нурни во социјалното претприемаштво” е проект што го спроведува Младински сојуз од Крушево, со партнер-организации и учесници од Грција, Романија, Турција, Бугарија, Коста Рика, Бразил и Јужна Америка. Проектот е дел од програмата „Еразмус Плус“ и ќе трае 17 месеци.