• Latest

Промена или замена – 17 мај 2015 -2018

May 17, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Промена или замена – 17 мај 2015 -2018

May 17, 2018 16:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Три години по големиот сенароден митинг одржан на 17 мај, Македонија е сè уште исправена пред огромни предизвици. Голем број граѓанки и граѓани кои присуствуваа на митингот против режимската власт на Никола Груевски и фамилијата испратија порака дека граѓаните се подготвени да работат заедно на демократските вредности.

Во 2015 година граѓанките и граѓаните најавија: #Доаѓаме! одлучни  дека постои само еден начин за решавање на политичката криза и за ослободување од деветгодишната диктатура на тогашниот премиерот Никола Груевски, дека постои само еден пат до слободата. Одлуката беше: Оставка на Груевски!

„Денеска дојдовме по нашата слобода!… Патеката е јасна: оставка, праведно судење, конфискација, затвор“, беше дел од говорот на Џабир Дерала, пред 100.000 граѓанки и граѓани кои тој ден се собраа и останаа формирајќи го Кампот на слободата #ЗбогумНикола.

[envira-gallery id=”64141″]

По шеесет дена Кампот на слободата се крена, фронот остана. Денеска ЦИВИЛ сè уште останува на фронтот и не се повлекува. Борбата за слободно и демократстко општество не е завршена. ЦИВИЛ останува бескомпромисен и посветен на одбраната на човековите права и слободи, силно посветени и доследни во заложбите за слобода, правда и еднаквост.

Денеска, три години подоцна, 17 мај се чини како да најавуваше енормни промени во општественото и политичкото делување. Можеби ветуваше демократија и владеење на правото.

На 17 мај 2018 Македонија, се чини, дека единствените промени што ги доживеа се оставката на Груевски, промена на власта, но не и демократија.

Три години подоцна, демократијата и слободата уште се ослободуваат од прангите на десетгодишниот поробувач.

Биљана Јордановска

Tags: 17 МајвладаПротест
Share58TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ