Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло. Температурата ќе се движи од 13 до 22 степена.
Како што соопшти УХМР, утре времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб источен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до десет степени, а дневната од 19 до 25 степени.
В понеделник времето ќе биде сончево со мала умерена локална облачност. Во западните делови облачноста краткотрајно ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од два до девет степени, а дневната од 18 до 24 степени.
Времето во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачост и со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до девет степени, а дневната од 17 до 24 степени.
Извор: МИА